Македонија возете внимателно

Од Рогачево кон Јажинце забрана за сообраќај за камиони, од Тетово кон Попова Шапка за автобуси

На патниот правец село Рогачево кон граничниот премин Јажинце е воведена забрана за тешки товарни возила, а на патниот правец од Тетово кон Попова Шапка забрана за движење за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

Од Рогачево кон Јажинце забрана за сообраќај за камиони, од Тетово кон Попова Шапка за автобуси

Зимска опрема за сите возила е задолжителна и на патниот правец кон граничниот премин Делчево.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

To top