Македонија Битола

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците, од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“

Николоски посочи дека ова е само прв чекор и најави дека од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“.

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците, од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“

Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на станбена зграда на ПУИГ во Битола.

-Станбениот квадрат и во Битола, како во Охрид, Скопје, Штип отиде многу високо и тоа што би можел да го најавам за овие 65 станови кои ќе се изградат тука, а ќе има и 7 деловни простории, како и 100 паркинг места, цената ќе им биде за најмалку 30-40% поевтина од тоа што е пазар во моментов во Битола. Со тоа мислам дека ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците со високи цени кои не соодествуваат на стандардот на македонските граѓани. Луѓето се доведени во ситуација да буквално се иселуваат од државата затоа што не можат да си дозволат да купат куќа или стан, рече тој.

Николоски посочи дека ова е само прв чекор и најави дека од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“.

-Тој проект треба да овозможи по доста пристапни цени младите да можат да изградат или купат куќа, а ќе продолжиме со вакви проекти во делот на станбената политика.

To top