Македонија по објавите на социјалните мрежи

МВР ЗА КУРИР: Нема ниту едно одземено дете, да не се шират дезинформации

МВР ЗА КУРИР: Нема ниту едно одземено дете, да не се шират дезинформации

На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија на која се наоѓаат пет лица, со текст дека истите се киднапери на деца и дека се наоѓаат на територија на Скопје и скопско.

Меѓу последно објавените постови е и на корисник на Фејсбук кој има напишано дека лицата денес се обиделе да ги грабнат неговите две внуки на подрачјето на Батинци, а случајот го пријавиле во полиција. Под објавата се нижат коментари во кои се наведуваат локации каде наводно претходно денес и изминативе денови биле видени истите лица.

фотографијата која се споделува на социјалните мрежи

 

Курир побара одговори од Министерството за внатрешни работи во врска со ваквите објави од каде истакнаа дека денеска, за конкретната објава до МВР не е поднесена никаква пријава во врска со обид за грабнување или грабнување на дете. Вакви пријави немало ниту изминатиов период.

-Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, велат од МВР за Курир.

Инаку, посочената фотографија е од 2015 година и е поврзана со настан за предупредување за крадење во Темишвар, Романија.

To top