Македонија македонија се ближи кон 3 ипол ноќевања

Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, охрабрува што бројот на странски туристи е зголемен над 10 проценти

Премиерот посочи дека продолжува праксата за посета на Македонија од организирани групи, а тој очекува и иден двоцифрен број на раст кај странските туристи.

Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, охрабрува што бројот на странски туристи е зголемен над 10 проценти

Туризмот е еден од нашите приоритети, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со овој сектор во земјава.

-Минатата 2025 година според бројките кои ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6 проценти. Но, она што посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 проценти. Се ближиме кон бројката од 3 ипол преноќувања што претставува значаен податок, вели Мицкоски.

Премиерот посочи дека продолжува праксата за посета на Македонија од организирани групи, а тој очекува и иден двоцифрен број на раст кај странските туристи.

-Паралелно работиме во поддршка на изградба и реновирање на постоечките сместувачки и угостителски капацитети. Целта наша е да успееме да дојдеме, ако е возможно, до 5 милиони преноќувања во Македонија. Работиме во таа насока, вели Мицкоски.

Државниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10.3 %, а кај домашните намалување од 2.2 %.

Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските раст од 6.4 %. Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % биле домашни, а 63.3 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112 001, од кои 42.4 % се од домашните туристи, а 57.6 % од странските.

Најнови вести од Македонија

To top