Македонија На Попова Шапка има 74 сантиметри снег

Минусни температури утрово во Берово, Маврово и Попова Шапка

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени

Минусни температури утрово во Берово, Маврово и Попова Шапка

Најстудено утрово беше во Берово, каде беа измерени -3 степени. Минусни температури имаше и во Маврово и Попова Шапка, каде беа измерени -1 степен.

Во Битола и Скопје беа измерени 1 степен. Најтопло беше во Виница, Кавадарци и Гевгелија, каде беа измерени 4 степени.

На Попова Шапка има 74 сантиметри снег.

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северните и северозападните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.

Најнови вести од Македонија

To top