Македонија да се почека на исходот

Мицкоски: Истрагата за кочанската трагедија е во тек, Обвинителството ќе се произнесе во следниот период

Премиерот Мицкоски кажа дека истрагата е во тек и оти очекува јавното обвинителство наскоро да изнесе нови детали и ќе каже кога истрагата завршила и ги отфрли наводите во прашањето дека влијаел врз истрагата.

Мицкоски: Истрагата за кочанската трагедија е во тек, Обвинителството ќе се произнесе во следниот период

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот Блерим Беџети од ДУИ, истакна дека Јавното обвинителство ќе се произнесе во следниот период за истрагата за пожарот во Кочани и истакна дека во изјавите никогаш не се изразил за да осуди некого. Апелира да се почека на исходот и тогаш да се направи заклучок дали имало селективност или не и дали некој друг функционер ќе биде осомничен

Премиерот Мицкоски кажа дека истрагата е во тек и оти очекува јавното обвинителство наскоро да изнесе нови детали и ќе каже кога истрагата завршила и ги отфрли наводите во прашањето дека влијаел врз истрагата.

– Истрагата е сè уште во тек, колку што сум информиран од страна на МВР коешто претпоставувам по службена должност комуницира со ЈО и во рамките на таа истрага, претпоставувам дека ќе има и нови елементи или ќе нема, ЈО ќе се произнесе во периодот што следува. Јас никогаш не се изразив така како што вие велите, кого било да осудам предвреме, иако ние како политичка партија, јас лично и голем дел од нас, знаат што значи да се биде жртва на такви политички квалификации, сме го почувствувале тоа во изминативе 7-8 години, знаеме точно како изгледа сето тоа и не би сакале никому да го правиме тоа, бидејќи за нас важи едно правило: не им го прави на луѓето тоа што не сакаш тебе да ти го прават, рече премиерот Мицкоски во одговорот на прашањето.

Тој напомена дека се оградувал во изјавите и повтори дека постои фалсификуван документ, лиценца, за истиот клуб во кој се случи овој трагичен настан и дека при проверка во архивата на Министерството за економија и труд се констатираше дека под тој архивски број заведен е поинаков документ.

Мицкоски напомена дека во периодот кој го истражуваат обвинителите од 2008 па наваму министри за економија биле без прекин предлози на Демократската унија за интеграција.

Беџети на почетокот на седницата го критикуваше и отсуството на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и побара во иднина да го обезбеди негово присуство, за да како што нагласи, го испочитува Собранието кога се поставуваат пратенички прашања.

Најнови вести од Македонија

To top