Македонија

Мицкоски: Спасовски нема да има мир – со месеци ја толерираше болументата која сее говор на омраза и креира етнички тензии

Мицкоски: Спасовски нема да има мир – со месеци ја толерираше болументата која сее говор на омраза и креира етнички тензии

Тој полусвет, таа болумента сакаше да предизвика меѓуетнички тензии, затоа алудираа, кажуваа дезинформации како оние дека е на Косово однесено и слично. Таа болумента е контролирана од власта. Врз основа на информациите кои ние ги имаме и врз основа на она што го следиме што се случува кај овој полусвет кој е присутен на медиумите доаѓаме до тој заклучок, затоа што во јавноста беа лиферувани овие информации, која е причината, праша Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата Интервју на Шења што се емитува на телевизија Шења.

Мицкоски објасни кому ова му одговара ова, овие тензии, оти е многу јасно дека тоа не е во прилог на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кому му одговара денеска дестабилизација на Македонија, кому му одговара кризна состојба, кому му одговараат меѓуетнички тензии. Зошто ова би му одговарало на ВМРО -ДПМНЕ кога има неколку месеци пред избори, чиста ситуација, огромно мнозинство на следните избори, победа која е сигурна, чуму сето ова на ВМРО ДПМНЕ и на нормалниот питом македонски граѓанин без разлика на која етничка припадност е“, кажа Мицкоски.

Тој се осврна и тоа дека портали блиски до власта, до функционер од власта еден портал доста близок шири само дезинформации.

„Портал близок до функционер на власта на ден Прочка објавува текст дека семејната куќа на мојата сестра, зетот, внуката е мој скриен имот кој вреди милион евра. Врска нема таа работа. Нормално ли е тоа да се пишува. Јас покренувам судски процес кој го добивам и судот вели дека е клевета, односно дека порталот клевети и тие од порталот велат дека слободата на изразување е доведена под прашање. Тоа ли е слобода на изразување плукајте по Христијан Мицкоски. Тие ќе одговараат“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во овие четири месеци пред изборите се очекува се и додаде „немојте да се изненадите ако предизвикаат тензија, криза без разлика дали е безбедносна или етничка“.

To top