Македонија Партиски митинг

Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ

Сетете се на оние 7 години кога се ограбуваше, кога се живееше на грбот на македонскиот граѓанин, кога се понижуваше и распродаваше македонскиот идентитет, кога се засрамуваа граѓаните. Тогаш таа неформална коалиција ја предводеше владата, истакна Мицкоски.

Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ

На локалните избори пораките обично се однесуваат на проблеми кои се насочени кон потребите на локалното население, кон општината, селото кон градот. Често зборуваме за нова улица, за ново патче, за булевар, парк, градинка училиште, сала… Тоа треба да биде пораката.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од партискиот митинг во Брневница.

-Секои избори се и можност да испратиме одредена политичка порака. Мојата порака до вас и до сите граѓани во Република  Македонија е дека овие избори се избори на кои имаме две опции. Едната опција е една коалиција која што е формирана на непринципиелна основа, коалиција која се обедини затоа што е гладна и жедна за власт – едните за прв пат, а другите да го повторат тоа што го правеа седум години. Втората причина зошто тие се обединија е неподносливиот, пандемиски гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата која ја сочинуваат СДСМ , ДУИ и Левица, рече Мицкоски.

Тој истакна дека втората опција е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие коалиции ќе имаат сосема различни концепти од кои граѓаните ќе треба да изберат. Првата е коалиција која нè враќа назад. Сетете се на оние 7 години кога се ограбуваше, кога се живееше на грбот на македонскиот граѓанин, кога се понижуваше и распродаваше македонскиот идентитет, кога се засрамуваа граѓаните. Тогаш таа неформална коалиција ја предводеше владата, истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека политичката партија Левица кoja е во коалиција со СДСМ и ДУИ не извади кандидати од каде што доаѓаат нивните пратеници и претседател на партијата но затоа пак имаат кандидати во Струга, Тетово и Гостивар.

-Не извадија кандидати ниту во Штип од каде што доаѓа втората фигура во раководството на таа партија, но затоа извадија во Тетово, Гостивар и во Струга. Зошто? Само поради една причина, да можат да направат дисипација, раслојување на анти ДУИ гласовите. Тоа нема да им помине, народот не им верува, истакна Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека на овие избори огромен број граѓани ќе ја изберат втората опција тоа е опција на раст на развој на инвестиции, на план и визија за Македонија.

„Затоа од овде ве повикувам на 19 октомври да го заокружите бројот 9 и во првиот круг за ја завршиме работата“ заклучи Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top