Македонија Клик Плус

Меџити: Џафери се однесува како млада невеста, ДУИ создава непријатели

Лидерот на „Демократско движење“ вели дека ДУИ е завршена приказна за него посочувајќи дека партијата во последно време создавала само непријатели.

Меџити: Џафери се однесува како млада невеста, ДУИ создава непријатели

Изет Меџити синоќа беше гостин во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“. Оцени дека Талат Џафери се однесувал како „млада невеста“.

Лидерот на „Демократско движење“ вели дека ДУИ е завршена приказна за него посочувајќи дека партијата во последно време создавала само непријатели.

„Ако го следите ДУИ, во последно време создаваше и создава само непријатели, дали со албанските партии, дали со ВМРО ДПМНЕ, дали со меѓународната заедница поради индивидуите кои се на црни листи, со медиумите исто така. Земајќи го сето ова во предвид мислам дека победата на нашиот кандидат за претседател ќе биде неспорна“, рече Меџити.

Најнови вести од Македонија

To top