Македонија КУРИР ИНТЕРВЈУ

Меџити: ДУИ во Чаир како да сакаше да го „изгори“ Османи бидејќи е можен кандидат за наследник на Ахмети во ДУИ

-Довербата е обострана. Треба да ги сакаш луѓето за тие да те сакаат. Треба да им веруваш на луѓето за тие да ти веруваат. Тие сфатија дека на Бујар не му е целта да биде градоначалник, напротив мислеа дека е на некој начин принуден да се кандидира заради политички калкулации и политички битки. Јас излегов со конкретна програма, конкретни проекти, со сработеното во минатото, во кампањата, во сите овие месеци и со визијата за Чаир за следните четири години, рече Меџити.

Меџити: ДУИ во Чаир како да сакаше да го „изгори“ Османи бидејќи е можен кандидат за наследник на Ахмети во ДУИ

На локалните избори беше избран за градоначалник на општина Чаир, па се врати на оваа функција напуштајќи вицепремиерско и министерско место во македонската Влада.

Многумина се прашуваат дали навистина ги стави интересите на своите сограѓани пред личните политички амбиции или проработе инаетот кога дозна дека во трка за градоначалничкото столче во Чаир влегува Бујар Османи.

Во ексклузивно интервју за КУРИР, Изет Меџити одговара на оваа дилема.

-Лични амбиции не можат да бидат деградирање од вицепремиер на градоначалничка функција. Јас Чаир го сакам, му должам на Чаир. Сите овие години, во тешки моменти и во тешки околности, кога сум бил во опозиција, кога сум се соочил со политички империи, мене Чаир не ме издал. Ме поддржувал до крај. Должам да му вратам на Чаир, со стратешките проекти, истакна Меџити во изјава за КУРИР.

Политиката, вели, на крај зависи од бројките.

-Јас не сум навикнат да се шлепувам како губитник, јас сакам да се соочам и како победник потоа да се борам. Во друг случај, кога ќе добијам црвен картон од народот, не сум од тие што ќе се шлепуваат и да бидам по секоја цена дел од некои комбинации, истакна тој.

Меџити вели дека стратегијата на ДУИ беше по секоја цена да го добие Чаир, преку битка со него лично.

-Јас го прифатив тој предизвик, но не со друг кандидат, туку влегов самиот во тоа. Се знаеше однапред дека резултатот од ова, за едната страна ќе биде погубен, а за другата ќе отвори нова перспектива. Го презедов тој ризик бидејќи не сум од тие што ќе излезат со друг кандидат и да изгуби тој па јас да излезам со политички филозофски изјави и да продолжам. Јас излегов, се боревме, во Чаир беше главната битка, беше дербито во албанскиот кампус. Победивме во првиот круг. За волја на вистината, на противкандидатот му укажав дека ако излезе тој на избори, јас ќе бидам противкандидат. Бидејќи во друг случај, ДУИ со друг кандидат немаше да биде воопшто во игра, немаше да има битка воопшто во Чаир. Но во моментот кога се одлучи Бујар, можеби и од причина што ДУИ сакаше да го изгори, бидејќи тој е еден од можните кандидати за нов лидер на ДУИ, после Ахмети, можеби и тоа беше стратегијата. Но тоа е нивна приказна, јас имав предизвик, го прифатив и денес сме тука, рече Меџити.

Го прашавме што мисли дека е причината што чаирчани не му ја дадоа довербата на Бујар Османи.

-Довербата е обострана. Треба да ги сакаш луѓето за тие да те сакаат. Треба да им веруваш на луѓето за тие да ти веруваат. Тие сфатија дека на Бујар не му е целта да биде градоначалник, напротив мислеа дека е на некој начин принуден да се кандидира заради политички калкулации и политички битки. Јас излегов со конкретна програма, конкретни проекти, со сработеното во минатото, во кампањата, во сите овие месеци и со визијата за Чаир за следните четири години, рече Меџити.

Иако Османи јавно му ја честита победата, лично не го контактирал за да го признае поразот. Честитка за изборот не добил ни од Али Ахмети.

To top