Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од УЈП и Царина, парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Царинската управа во месец јули наплатила речеси 12 милијарди денари приходи, а УЈП над 13.4 милијарди.
Наплатата и од УЈП и од Царина е рекордна. Парите кои до сега се краделе, сега наместо во приватни џебови завршуваат во државната каса.
Со одговорно и домаќинско работење може да се закрпат дупките во буџетот, а потоа и да се тргне засилено напред.
Од само еден месец работа под ВМРО-ДПМНЕ на органите кои ги собираат државните приходи се гледа разликата, а таа допрва ќе биде повоочлива, се вели во соопштението на партијата.