Македонија Детали за трагедијата

Мајката го донела во коматозна состојба: По смртта на малото девојче, се огласија од Министерството за здравство

Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи.

Мајката го донела во коматозна состојба: По смртта на малото девојче, се огласија од Министерството за здравство

На 19 декември, во Ургентниот центар во ОБ Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка, која во болницата е донесена од нејзината мајка, информираат од Министерството за здравство.

– Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија, во Скопје. И покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година, велат од МЗ.

Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи.

Најнови вести од Македонија

To top