-Оваа власт предводена од СДС и ДУИ ги интересираат само тендери и местење на истите. Имаа градоначалник на црната листа на САД и тој денеска може да прави се, да спроведува тендери, едноставно си работи најнормално, вели Лефков.
Според него наместо реакција по Извештајот на ЕУ и црната листа на САД власта само одите подлабоко во злоупотреби.
-Оваа група на СДС и ДУИ ја користи Европа во своја цел, тие ги злоупотребуваат европските и воопшто меѓународните стандарди. По ЕУ шлаканицата во Извештајот одат само подлабоко. Или по Извештајот каде има злоупотреба на европско знаменце стигнува во Собранието закон за заем со европско знаменце и на наша реакција беше повлечен. Потоа годинава започна со закон за игри на среќа со европско знаменце доставен во Собранието. Каков е тој закон со европско знаменце, па за оваа област нема усогласен систем во Европа, нема усогласени стандарди за игри на среќа, кажа Лефков.
Политиките на власта на СДС и ДУИ чинат многу, вели пратеникот и додава дека некогаш чинат и животи.
-Имаме скандал Онкологија и нема никаква разрешница, изгоре модуларна болница во Тетово загинаа 14 лица, има најскап автопат кон не се гради. Ова е многу мал дел од скандали кои ги продуцираат по неколку на ден. Потоа раководството на ДУИ се пресели во министерството за политички систем, потоа следи вносен бизнис во кој ДУИ сака да го добие колачот и што уште не, изјави Лефков.
Лефков вели дека одговорна влада може да се справи со овие штетни политики.
-Нема да биде лесно, но може да се направи се, па и да има разрешница за скандалите, за случаите со криминал и корупција. Се надевам дека по изборите ќе дојде момент во кој Груби, Ахмети, Османи, Ковачевски ќе добијат забрана за приближување до политичка фотелја“, вели Лефков.
Лефков се осврна и скандалот во македонска навигација од упаѓање во просториите додека вработените контролираат летови, слетувања и полетувања, како и прелети над македонското небо.
„За жал македонското небо го претворија во бавча на СДС и ДУИ или поголем дел е на ДУИ. И освен упадот гледаме како вработувале роднини поблиски и подалечни и тоа сите и функционери на ДУИ и на СДС, кажа Лефков.