Македонија Непартиски и натпартиски кандидат

Лефков: Силјaновска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги претставува сите граѓани и нема да менува ставови секој ден, како што прави Пендаровски

Лефков е дециден дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна.

Лефков: Силјaновска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги претставува сите граѓани и нема да менува ставови секој ден, како што прави Пендаровски

Во денешното гостување во „Слободен печат“ пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека потребно е Македонија да има претседател кој е непартиски и натпартиски.

„Потребно е да имаме претседател кој е непартиски и натпартиски кој ќе ги претставува сите граѓани, кој нема да менува ставови од ден за ден и кој нема да биде заложник“, рече Лефков.

Запрашан за тоа дали Гордана Силјановска Давкова е натпартиска, Лефков истакна дека:

„Апсолутно и во тоа се уверени граѓаните затоа што имаа и прилика да го дадат својот глас на претходните избори каде видовме целосна доминација во првиот круг, меѓутоа потоа таа стана наша колешка во Собранието. Таа е еден одличен правник, професор, со брилијантен ум кога станува збор за правото, принципите и држење до принципите. Таа покажа во изминатите години дека таа го поседува се она што недостасува кај сегашниот претседател Пендаровски“, вели Лефков.

Лефков е дециден дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна.

„Од она што го гледаме на терен, победата е извесна, но тоа не значи дека ќе застанеме овде. Ако ги погледнете активностите на партијата каде има секојдневни средби, секојдневно сме на терен и во комуникација со граѓаните слушаме она што има да ни го кажат она што има да го дадат како забелешка на власта и на нас“, заклучи Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top