Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат

СДС најмалку што може да направат е да излезат и јасно и гласно да се извинат што дозволиле Груби да краде. А потоа и да се понудат за помош на институциите, вели Лефков.

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат

Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат. Месец дена СДС бега од суштина, и не сака да се извини за тоа што дозволиле Артан Груби да ја ограбува државата, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Месец дена СДС ја дефокусира јавноста, само за да не треба да и каже како со нивен премиер и министер за внатрешни работи, не знаеле што прави Груби, а не може затоа што точно знаеле и му го дозволиле тоа. Артан Груби со години непречено ја крадел државата, а за тоа заштита добивал од СДС. СДС најмалку што може да направат е да излезат и јасно и гласно да се извинат што дозволиле Груби да краде. А потоа и да се понудат за помош на институциите, вели Лефков.

„Се друго освен директно извинување од СДС е замајување на граѓаните и само покажување дека СДС не се дистанцирале ниту милиметар од Груби и ДУИ“, посочи пратеникот.

Најнови вести од Македонија

To top