Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: Борбата на СДС и ДУИ е за контрола врз судството, доказ за тоа е Груби кој земал пари за да влијае на судски пресуди и заврши на црната листа

Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ за да се богати од мито и корупција. Груби не е сам, таквото делување е систем на работа на ДУИ и СДС, рече тој.

Лефков: Борбата на СДС и ДУИ е за контрола врз судството, доказ за тоа е Груби кој земал пари за да влијае на судски пресуди и заврши на црната листа

Груби на црната листа е доказ дека борбата на ДУИ е само за моќ врз институциите да работат за нивно богатење. Артан Груби земал мито за да влијае на судски процес, посочи Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби влијаел врз судски процес и затоа земал пари, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Борбата на Груби и на ДУИ за власт е борба за контрола на судството. Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ за да се богати од мито и корупција. Груби не е сам, таквото делување е систем на работа на ДУИ и СДС, рече тој.

Лефков посочи дека и двете партии кога се борат за власт всушност се борат за да можат преку криминални активности да ги полнат своите џебови со милиони.

-Кога СДС и ДУИ зборуваат за демократија, за Европа, за зелени агенди, всушност само бараат нова маска да го замаскираат криминалното работење. И СДС и ДУИ се разоткриени. Одговорност мора да има. ЈО да почне да работи, поголем доказ дека Артан Груби е криминалец од црната листа на САД нема, посочи пратеникот.

Најнови вести од Македонија

To top