Македонија „празно столче“ симбол на празниот мандат на герасимовски

Лабудовиќ за отсуството на Герасимовски на дебатата во Алфа: Ако го намамивте со потпишување градежна дозвола, ќе дојдеше

„Можам да кажам, ако го намамивте со образложение дека има за потпишување некоја градежна дозвола, можеби и ќе дојдеше денеска, бидејќи во овој четиригодишен мандат одликата на „празното столче“ (Герасимовски), е празното работење на Општината, на градоначалникот, бидејќи видовме дека во последните четири месеци Герасимовски конечно се заангажира нешто да направи, да ја подзачисти општината и почна да ветува „брда и долини“ во кампањата, а останатите 44 месеци може да го споредиме со ова празно столче, освен по потпишување на одобренија за градба или градежни дозволи,“ посочи Лабудовиќ во „За или против“ на ТВ Алфа, дебата која, за жал на центарци и Македонија,  остана со едно празно столче.

Лабудовиќ за отсуството на Герасимовски на дебатата во Алфа: Ако го намамивте со потпишување градежна дозвола, ќе дојдеше

 

 

Ако го намамивте со образложение дека има за потпишување некоја градежна дозвола, можеби и ќе дојдеше денеска, ова е реакцијата на кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, за отсуството од дебатата на ТВ Алфа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од СДСМ. Ова е второ „бегство“ на Герасимовски од соочување со Лабудовиќ во рок од неколку дена. Најпрво ја избегна дебатата на Телма со Огнен Чанчаревиќ, за да за неколку дена го стори истото и со соочувањето во Алфа кое го водеше новинарот Љупчо Цветановски.

„Секој различно си ја планира сопствената агенда и својот пи-ар пристап кон кампањата, меѓутоа сметам, собено актуелните градоначалници, треба да учествуваат во дебатите за да се постават сите оние прашања кои што граѓаните не успејале да ги постават во минатиот период, за одредени ветувања во кампањата коај с еслучувала во 2021-та година кога дошле на власт, но на крајот на денот, тоа е личен избор. Јас сметам дека треба да се соочуваме, треба да разговараме, јас сум граѓанин на општина Центар, сакам да поставам одредени прашања, денес ќе ги поставам на празното столче што ми е жал. Меѓутоа, можам да кажам, ако го намамивте со образложение дека има за потпишување некоја градежна дозвола, можеби и ќе дојдеше денеска, бидејќи во овој четиригодишен мандат одликата на „празното столче“ (Герасимовски), е празното работење на Општината, на градоначалникот, бидејќи видовме дека во последните четири месеци Герасимовски конечно се заангажира нешто да направи, да ја подзачисти општината и почна да ветува „брда и долини“ во кампањата, а останатите 44 месеци може да го споредиме со ова празно столче, освен по потпишување на одобренија за градба или градежни дозволи,“ посочи Лабудовиќ во „За или против“ на ТВ Алфа, дебата која, за жал на центарци и Македонија,  остана со едно празно столче.

По логиката на пи-ар стартезите, кандидатите треба да ја користат секоја можна шанса за да допрат до аудиториумот и да се претстават себеси, својата програма и планови, за што најдобар модус е директниот дуел со противникот. ТВ Алфа е етаблирана како константно трета телевизија во Македонија, а и Телма е дел од „златната  ТВ петорка“. Неучеството на вакви дебати е пропуст за допирање до стотици илјади гледачи, на страна одгласите, youtube каналот, „рилсовите“ и сториите кои произлегуваат од гостувањата. Најдобар опис на дејанието е срочен во бисерот на менторот на Герасимовски и Филипче, нивниот гуру и наредбодавател Зоран Заев, и неговата зевзечка „ТЕШКА ГЕОСТРАТЕШКА ГРЕШКА“.

To top