Македонија

Ковачки: Веќе пола година власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите во Македонија

Наместо да ја искористуваат Армијата треба да го решат проблемот со вработување на затворска полиција која што е обучена и професионално и одоговорно ќе си ја врши работата. Задачата на Армијата не е да обезбедува затвори и затоа време е власта да почне да работи нешто и да го реши овој проблем, рече Ковачки.

Ковачки: Веќе пола година власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите во Македонија

На неспособноста на власта предводена од СДСМ и ДУИ и нема крај. Веќе пола година власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите во Македонија. Владата повторно си изгласа продолжување на кризната состојба во најголемиот затвор Идризово и повторно наместо да вработи професионална затворска полиција, затворот ќе го обезбедува Армијата, ова денеска преку изјава за медиумите од собраниската говорница го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Овој невиден преседан кој што не и наликува на една држава членка на НАТО. Власта првпат оваа одлука ја донесе на 7 јуни 2023 година, кога прогласи 30 дневна кризна состојба во затворот, за потоа на 26 јули со гласовите на пратениците од парламентарното мнозинство да го продолжи за 3 месеци и сега на 7 ноември повторно со владина одлука го продолжува за 30 дена. Цели 6 месеци не успеаја да го решат овој проблем и исто како и кога првпат беше прогласена кризна состојба така и сега проблемите си стојат. Недостасуваат над 100 затворски полицијаци, нема заштитна ограда во должина од 5 километри, нема скенер за рачен багаж, а нема ни целосен видео надзор. Ваква неспособност, ваков преседан и нарушување на имиџот на земја НАТО членка е досега невиден. Војска да чува затвори. Во која НАТО држава, во која членка на ЕУ или цивилизирана држава ова се случува. Ова е срам за една демократија. Армијата не е полиција. За преседанот да биде уште поголем на овие очајни одлуки е согласен и претседателот на државата Пендаровски, вели Ковачки.

Тој додава дека апелираме до власта да не се впушта во вакви опасни преседани, да престане со злоупотребата на Армијата на Република Македонија и да го решат проблемот со сигурноста и безбедноста на затворот. На оваа ситуација и треба трајно и квалитетно решение кое што во иднина ќе ја гарантира безбедноста на оваа институција во која што казна издржуваат сторителите на најтешки кривични дела, како тероризам или убиства.

-Наместо да ја искористуваат Армијата треба да го решат проблемот со вработување на затворска полиција која што е обучена и професионално и одоговорно ќе си ја врши работата. Задачата на Армијата не е да обезбедува затвори и затоа време е власта да почне да работи нешто и да го реши овој проблем, рече Ковачки.

To top