Македонија Лидерска средба

Ковачевски најави лидерска средба за во понеделник, еве на кои теми ќе разговараат

Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба.

Ковачевски најави лидерска средба за во понеделник, еве на кои теми ќе разговараат

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

Средбата, како што рече, ќе биде закажана за понеделник, и на истата ќе разговараат за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик  согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

-Средбата ќе биде закажана за понеделник и на истата ќе разговараме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, ќе разговараме за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик  согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше вечерва Ковачевски за време на заедничката прес-конференција со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top