Македонија Кој е следен на црната листа?

Костов за КУРИР: Каква катастрофа за ДУИ! – Каква брука за Али Ахмети!

Никој не е над законот! – само Артан Груби? Ама, “кој со ѓаволот тикви сади, од глава му се удираат, главата ја губи“

Костов за КУРИР: Каква катастрофа за ДУИ! – Каква брука за Али Ахмети!

Заканите на Али не вродија со плод. Така ти е кога живееш во минатото и од “стара слава“. Се фалеше дека многу политичари испратил во пензија(Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Зоран Заев). Малку му беше таа фалба, па се перчеше дека еднаш го победил Никола Груевски(2001г.), море и втор пат го победил(2008г.), па и трет пат(2017г.). Добро(добро де, не е баш така) и да е така, ама сето тоа е минато.

Сега, или поточно од историската, да не речам култната лидерска средба од минатата година(2023г., средба меѓу Д.Ковачевски и Х.Мицкоски), ак’л си нема од Професорот, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Море дерман нема. А ноќни кошмари има колку сакаш. Изгледа дека на време не разбрал или не сфатил или пак не сакал да разбере, сфати и научи дека денес на сцена се нови генерации политичари. Мислам на неговите политички противници од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Мицкоски.

Прво те нервираат, потоа те игнорираат, следува класичен нокаут на средба каде и не си присутен, следува инфромација дека со тебе не сакаат да прават влада, па пораз на избори и на крај реалност дека Влада во Македонија е возможна и без ДУИ и Али Ахмети. Али, незгодни некои дечки бе овие од ВМРО-то. Добро, сето тоа бидна и помина.

Ама има уште: најдобронамерно Професорот му праќа порака Али времето во опозиција корисно да го помине, така што ќе се реновира(реформира) ДУИ, ќе го преиспита своето и на ДУИ идно дејствување на политичката сцена во Република Македонија, во смисла кој правец ќе го фаќа ДУИ, и дали не е време за негово повлекување од политиката сцена, ама Али е тврдоглав. Вели не! Има да биде како и досега. Ете, тоа е неговата и на ДУИ трагедија.

Ај, што не ја сваќаат реалноста која сеуште ја гледаат со розеви(на Семјон Семјоновиќ) очила, туку и се подзанесуваат дека сеуште се на власт,  дека сеуште можат да прават што ќе им се ќефне, и првин се закануваат со протести за дестабилизација(не им успеа), потоа искористуваат нивна прослава на знаме, на која палат наше македонско државно знаме(ама пак не поентираа, туку беа прочитани), за да сега еве преку некаква си “стража на разумот“, го бранат законот за албански јазик, замислете од зомбите од минатото кои се враќале(Бујар Османи). Вауууу! Ауууу!

Каква политичка неписменост. Каква политичка некултура и немање на домашно воспитување. Како прво, не постои закон за албанското знаме, и второ, тие ти биле “стража на разумот“, а сите ние “зомби кои се враќаме од минатото“. Море и додаваат трпението им било при крај. Добро(ама секако не е добро). Што правиме сега со шок бомбата од Стејт Департментот – Артан Груби(миленичето Шејтан на Али) и Енвер Беџети(судијата што не судејќи по словото на законот уништи многу наши невини од 27 април, потврдувајќи им ја пресудата за дело што не го извршиле) , судија на скопска апелација, да ти биле на црната листа на САД.

И сеа шо праиме!? – би рекол еден поранеше политичар, кој е на листата на победени од Али Ахмети. Али, ај да ти кажам, искрено, и тоа ептен искрено: тоа што не признаваш и се инаетиш дека Професорот Мицкоски те нокаутираше, те победи на избори и те испрати за долго време во опозиција, до некаде и можам да те разберам, ама само до некаде. Ама ова, што си се намерачил на нејзината екселенција Ангела Агелер, која е амбасадор на САД во Република Македонија, земја која ти си решил да ја дестабилизираш, а таа од петни жили се обидува да помогне во нашата стабилизација(борба против корупција од високо владино ниво, залагање за независно и ефикасно судство и обвинителство и сл.), мислам “политички ќе те закопа“.

За крај: Шоку Али, ова со Артан Груби – Шејтанчето, ти е последна опомена. Сега сите се прашуваат кој е Иблисот од 2001-та? Не заборави дека Хашките случаеви над глава ти висат како Дамоклов меч.

 

Сотир Костов

 

П.С.

Во деновите пред вас Шоку Али ви предлагам да ги гледате филмовите “Нико – над законот“(1988г.), со легендарниот Стивен Сигал и “Надвор од законот“ од 1986г., култен филм на Џим Џармуш. Зошто? Е па Артан Груби и да ги гледал, не ги сфатил. На ред сте вие Шоку Али. И внимавајте “Ѓаволот ниту ора, ниту копа, само на зло мисли и ги учи луѓето да се караат“

 

Најнови вести од Македонија

To top