Македонија КОЛУМНА

КОЛУМНА на Шопова: АЛАРМОТ СЕ ВКЛУЧУВА НАВРЕМЕ

Само да се потсетиме дека во Програмата на СДС за парламентарните избори 2020 – МОЖЕМЕ , беше ветена “Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните .
Но дали ветеното успеавте да го реализирате, и дали воопшто ги поправивте грешките од кои требаше многу да научите !?

КОЛУМНА на Шопова: АЛАРМОТ СЕ ВКЛУЧУВА НАВРЕМЕ

Вакцините се еден од најголемите придобивки на современата медицина. Тие се најбезбедниот, најлесниот и високо делотворен начин за заштита на здравјето. Со редовната вакцинација голем дел од заразните болести се искоренети или едноставно заборавени и истите може да ги наречеме “болести од минатото”.
Но дали тоа е навистина така и во нашата држава ?
Последната епидемија на пертусис која e сеуште актуелна во Р.Македонија и ги разбуди здравствените власти од зимски сон е причина зошто оваа влада треба да добие “црвен картон”. Велам црвен , a не жолт затоа што пропустите во вакцинација на 14 000 деца само во Скопје, не требаше да се детектираат post festum . Во функционална држава во која здравствениот систем е добро организиран, но и сите останати институции функцинираат беспрекорно, држава каде се почитуваат законските прописи , вакви пропусти би биле минимални или би биле превенирани навремено.
Пропустот во вакцинацијата на децата во предучилишна возраст за пертусис треба да го вклучи алармот и за други заразни болести поради што треба под итно да се превземат соодветни мерки за да не дојде до нови епидемии. Едноставно со новите петовалентни или шестовалентни вакцини децата кога ја примаат вакцината за пертусис се вакцинираат и за тетанус, дифтерија ,хемофилус тип Б, полиомиелитис, пнеумокок.

Само да се потсетиме дека во Програмата на СДС за парламентарните избори 2020 – МОЖЕМЕ , беше ветена “Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните “ .
Но дали ветеното успеавте да го реализирате, и дали воопшто ги поправивте грешките од кои требаше многу да научите !?

…И колку да не сакам секоја епидемија ме навраќа кон една реалност наречена Ковид 19 пандемија. Реалност во која вашата неспособност го достигна својот максимум.
Здравствените услуги не беа достапни подеднакво за сите, граѓаните беа принудени да се упатуваат во приватните здравствени установи и да се изложат на дополнителни финансиски трошоци.
Лекарите, медицинските сестри како и останатиот медицински и помошен персонал, или ХЕРОИТЕ како милувавте да ги наречете и ги користевте за својот пи-ар беа оставени на “цедило” без доволно лична заштитна опрема… мораа сами да се справуваат со новонастаната ситуација ,па дел од нив заминуваа од своите работни места.
Здравствените институции, кои требаше да бидат опремени , ги опремувавте со донации, под итно се набавуваше медицинска опрема и тоа онаа со највисока цена . Се набавија и спектакуларно најавуваните респиратори за одделите за интензивно лекување, кои за жал не беа ставени во функција во екот на Ковид 19 пандемијата…А зошто!?
Едноставно, државата која ја водеше СДС немаше национален протокол за лекување на Ковид 19.
Заради вашите провизии доцнеа и вакцините,..зарем не !
Бројот на заболени кои требаше да добијат болнички третман го надминуваше расположливиот капацитет , па мораше брзо да се реагира… ад хок донесовте решение за изградба на модуларни боници без никакви стандарди. Овие болници на некого му донесоа голема добивка, но за жал тоа не беа граѓаните, …напротив во една од овие модуларни болници 14 невини пациенти во пожар ги загубија животите. Дали имаше морална одговорност, или политичка можеби…за жал тогашниот министер за здравство не чуствуваше ниту морална ниту пак политичка одговорност , едноставно продолжи да ја обавува функцијата министер за здравство . Судската разрешница со која требаше да се дознае вистината , заврши без да победи правдата, едноставно по незнам по кој пат се докажа дека во вашето владеење законите не важат подеднакво за сите!

Затоа немојте да си дозволите да започне НОВА , стара приказна .
Алармот се вклучува навреме!

Прим.д-р Жаклина Шопова
Член на Централната комисија за здравство и
Градски комитет на ВМРО ДПМНЕ

To top