НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ како составен дел од најголемата коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево, Д-р Александар Јовановски. Египќаните во Кичево имаат одлична соработка и поддршка од еминентниот доктор и космополит Д-р Александар Јовановски, кој се залага за еднаков и рамноправен третман на сите граѓани.
Египќаните во Кичево се мала етничка заедница, која живее во субстандарни услови и на која им е потребна несебична помош и подршка за нивна демаргинализација и интеграција. Овие демократски вредности ги препознаваме во Д-р Александар Јовановски и токму затоа повикуваме за негова поддршка , истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип. Кон поддршката се приклучува и владиниот преставник на Бошњаците во Македонија, г дин Салко Куч.