Македонија систем

Ќе се градат нови системи за наводнување на над 13 илјади хектари земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство ќе подигне заем од германската КфВ банка за изградба на четири нови системи за наводнување по долината на реката Вардар. Станува збор за заем од 80 милиони евра и грант од 2,8 милиона евра за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите. Со тоа се обезбедува 70 проценти од потребните средства за реализација на програмата за наводнување, а 30 отсто ќе се обезбедат преку буџетски средства.

– Имплементацијата на програмата за наводнување во нашата земја ќе овозможи создавање модерни и ефикасни системи за наводнување, кои ќе ги зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјоделското производство и ќе ги намалат економските загуби. Реализацијата на оваа програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци – истакна премиерот, Димитар Ковачевски.

За министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, ова е досега најголемата, историска, капитална инвестиција во водоснабдувањето вредна над 100 милиони евра.

– Потпишавме нов договор за консултантски услуги вреден 9,1 милиони евра, преку кој започнуваме со реализација на нови четири значајни капитални инвестиции во водоснабдувањето, обезбедувајќи сигурно наводнување за нови 13.650 хектари земјоделско земјиште. Станува збор за хидросистемот „Лисиче“, систем кој ги опфаќа земјоделците од општините Велес и Чашка и би обезбедил наводнување за 3.650 хектари земјоделско земјиште. Потоа хидросистемот „Пепелиште“, кој ги опфаќа земјоделците од општините Неготино и Демир Капија, со наводнување на површини од 3.000 хектари. Третиот важен проект е хидросистемот „Страиште“, кој ја опфаќа општина Валандово наводнувајќи земјоделска површина од 1.500 хектари. Четвртиот проект е хидросистемот „Конско“, кој опфаќа наводнување на 5.500 хектари земјоделско земјиште од општините Гевгелија, Богданци и Дојран – рече Николовски.

To top