Македонија Бугарија се уплаши дека нема да може да блокира

Јотова во УПЛАВ од укинување на правото за ВЕТО во ЕУ

„Не можам да се согласам со обидите за промена на едногласноста во одлучувањето, особено за прашањето за проширувањето“, рече Јотова.

Јотова во УПЛАВ од укинување на правото за ВЕТО во ЕУ

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ја критикуваше политиката на проширување на Европската унија. На форумот „Европската унија се среќава со Балканот“ организиран од европратеникот Илхан Кучук, Јотова рече  дека билатералните односи на Бугарија со Македонија не се проблем нашата држава да започне преговори со Европската унија.

 

Таа  го критикуваше фактот дека Европската унија планира да го реши проблемот преку т.н. квалификувано мнозинство.

 

„Не можам да се согласам со обидите за промена на едногласноста во одлучувањето, особено за прашањето за проширувањето“, рече Јотова.

 

Според неа, не можело да има компромиси со условите за проширување и додаде дека барањата за Република Македонија се дел од преговарачкиот процес со Европската Унија, а, демек, не со Бугарија.

 

 

 

Најнови вести од Македонија

To top