Македонија КУРИР ДОЗНАВА

Изнајдено решение за зголемување на платите за 3.200 вработени во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, обзнанува дека е најдено решение за признавање на колективниот договор, а со тоа и зголемување на нивните плати и вели дека сега е ред на ресорните министерства.

Изнајдено решение за зголемување на платите за 3.200 вработени во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Завршува голготата на вработените во УКИМ. КУРИР дознава дека е најдено решение за признавање на колективниот договор и универзитетските професори конечно ќе го добијат бараното зголемување на платите.

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, обзнанува дека е најдено решение за признавање на колективниот договор, а со тоа и зголемување на нивните плати и вели дека сега е ред на ресорните министерства.

-За 3.200 вработени во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се изнајде решение за зголемување на нивните плати. Остваривме средба со ректорот Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на Синдикатот, каде што Министерството изнајде решение за признавање на колективниот договор, а со тоа и зголемување на нивните плати. Имено, ги повикувам министерството за образование и наука и министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот, потенцира министерот Велковски.

Во врска со надлежноста на Министерството за труд и социјална политика, се работи за поединечен колективен договор, за кој што потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено. Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот.

Инаку, на Колективниот договор меѓу Синдикатот и тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, претходеше двегодишна борба за зголемување на платите на професорите на факултетите на УКИМ. По ставањето на потписи во декември 2022година, универзитетските професори од почетокот на годината требаше да имаат значително зголемување на платите.

Најнови вести од Македонија

To top