Македонија СКАНДАЛ

Иста агенција ги обезбедува М-НАВ и скопска Гинекологија: На едното место се тепаат вработени, на другото роднини на пациентки

Според Алсат, извори од М-НАВ посочуваат дека фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно е на партискиот партнер на Ахмети.

Иста агенција ги обезбедува М-НАВ и скопска Гинекологија: На едното место се тепаат вработени, на другото роднини на пациентки

Безбедносната компанија „2SS Security“  го обезбедува М-НАВ и деновиве е вклучена во голем скандал бидејќи не реагирала во спречувањето на нападот.

Истата компанија е задолжена и за безбедноста во скопската клиника за Гинекологија, па и за таму денес се објави акт на насилство.

Имено, на 04.01.2024 во 08:50 часот во СВР Скопје, А.Б.(70) од Скопје пријавил дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје, по претходна расправија со А.В.(30) и А.З.(27), вработени како обезбедување, А.В. му се заканил со остар предмет и физички го нападнал.

Од полицијата информираа дека извршен е службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од друга страна, се огласи и Основното јавно обвинителство Скопје за случајот со М-НАВ.

ОЈО донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

КОИ СЕ ТИЕ?

Според Алсат, извори од М-НАВ посочуваат дека фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно е на партискиот партнер на Ахмети.

И покрај тоа што го доби тендерот за заштита на просториите на Акционерското друштво за контрола на цивилни летови во Македонија, вработените во „2SS Security“ дозволија неовластени лица да влезат во радарските канцеларии на скопскиот аеродром, каде што тројца контролори биле нападнати во работното време во четвртокот околу 15:15 часот.

Според Кривичниот законик, се очекува „2SS Security“ да сноси кривична одговорност за незаштита на објекти од национален безбедносен интерес, како што се набљудувачките простории на М-НАВ, каде што партиската поврзаност на нивните газди со шефот на Огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири ја отвориле рампата за да влезат два автомобили, се сомничи дека се уште 7 непознати лица кои дошле по налог на Беким Незири.

 

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top