Македонија корупција

Грковска на НРТВ: Успешна борба со корупција е можна само со институции кои постапуваат со интегритет, професионално и неселективно

Во вечерашното гостување во Дневникот на Националната радио-телевизија, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, посочи дека извештајот на Европската Комисија го детектира правосудството како најслаба алка во справувањето со корупцијата и дека сите досегашни реакции кон одредени одлуки, кои имаат негативен одзив во јавноста, одат во насока да се поттикнат чесните судии и обвинители јавно да се спротивстават на малиот број нивни колеги кои ставаат дамка врз целата фела.

„Сѐ додека самите не се охрабрат јавно да ги посочат оние за кои имаат докази дека се вклучени во коруптивни дејанија, нема да се поправи системот. Таквата неподготвеност на судиите е заради немањето доверба во Судскиот совет, како највисоко тело кое треба да биде, од една страна коректор на судиите кои не си ја вршат работат, а од друга, да ги наградува според еден правилен и правичен мерит систем оние кои професионално си ја вршат работата“, истакна Грковска и додаде дека сѐ додека не се врати довербата во институциите, што значи професионално постапување, со интегритет и според закон, и правда за секого без оглед дали станува збор за политичар, поранешен политичар или бизнисмен, не можеме да очекуваме успешна борба со корупцијата.

Вицепремиерката Грковска во гостувањето на НРТВ се осврна на работата на Кабинетот за политики за добро владеење, истакнувајќи дека за период од помалку од две години, од неговото воспоставување на предлог на премиерот, подигната е свеста во јавноста за значењето на овие политики и воспоставен е принцип на етаблирање на долгорочни одржливи решенија, коишто секоја наредна Влада ќе мора да ги продолжи, бидејќи, како што нагласи таа, станува збор за базични работи и вредности кои треба да се инсталираат во нашето општество.

Грковска се осврна и на презентацијата на антикорупциските заложби и политики на Северна Македонија на Конференцијата на земји потписнички на Конвенцијата на ОН против корупцијата. Според неа, борбата со корупцијата е предизвик за секоја земја и дека особено е значаен глобалниот и регионалниот пристап во справувањето со неа. Вицепремиерката истакна дека е горда што Северна Македонија, во таа прилика, беше претставена како единствената земја – потписник што е целосно усогласена со Заложбата за транспарентност на УНКАК.

Најнови вести од Македонија

To top