Македонија Митинг во Центар

Ѓорѓиевски: На Скопје му е потребен нов комунален ред

Во срцето на главниот град вечерва ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг, каде заедно со ЗНАМ ги претстави ја кандидатите за градоначалник на Центар и на Град Скопје, Мирослав Лабудовиќ и Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: На Скопје му е потребен нов комунален ред

Вечерва во општина Центар се одржа народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, беа претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник на Центар. На митингот свое обраќање имаа носителот на советничката листа за Центар Горан Андреевски, носителот на листата за Град Скопје Даме Димитровски, кандидатот за градоначалник на Центар Мирсолав Лабудовиќ, премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– На Центар и Скопје му е потребен нов комунален ред. Тоа не е само козметичка, толку суштинска промена. Редот и чистотата не се луксуз, тие се стандард кои вие го заслужувате, рече Ѓорѓиевски.

 

To top