Македонија ЗЕЛС

Ѓорѓиевски ги седна Трипуновски и Костадинов на заедничка маса: Не постои нерешлив проблем!

Од сега па натаму, додека јас сум претседател проблемите ќе се решаваат на маса, а комуникацијата помеѓу институциите ќе биде на највисоко ниво, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ги седна Трипуновски и Костадинов на заедничка маса: Не постои нерешлив проблем!

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес во просториите на ЗЕЛС одржа средба со министерот Цветан Трипуновски и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, за проблемите на струмичани и изнаоѓање на заеднички решенија.

На состанокот се усвоија неколку заклучоци, а Ѓорѓиевски истакна дека ЗЕЛС е обединет и додека е тој претседател, сите проблеми ќе се решаваат на заедничка маса.

-Со добра волја и на заедничка маса, да дојдеме до заедничко и прифатливо решение за сите – беше нотирано денес на средбата во просториите на ЗЕЛС, која ја одржавме заедно со министерот Цветан Трипуновски и колегата Костадинов од Струмица.

-Со разговор секогаш се доаѓа до целта, па така оваа плодна средба ќе вроди со плод, бидејќи веќе ги зацртавме правците на траекторијата за трајно решавање на проблемите на граѓаните од Струмица. Како што истакнав на моите претходни излагања, кај мене не постои поделба по ниту една основа и ќе бидам медијатор во решавање на сите процеси. Политика мора да стои настрана, граѓаните се приоритет, рече тој.

На состанокот ги договориле следните точки:

-Формирање на комисија од повеќе научни институции за следење на фактичка состојба на браната Турија и причините за неодамнешното појавување на манган во водата.

-Долгот кој што го има општина Струмица спрема АД „Водостопанство” ќе биде сервисиран согласно утврдена динамика, а АД „Водостопанство” ќе ги извршува сервисирањата и услугите од својата надлежност.

-Дискутирале за квалитетот на водата која што во моментов според надлежните институции е исправна и чиста за пиење.

-Драго ми е и што колегата Костадинов го промени својот став и ЗЕЛС останува обединет. Од сега па натаму, додека јас сум претседател проблемите ќе се решаваат на маса, а комуникацијата помеѓу институциите ќе биде на највисоко ниво, изјави Ѓорѓиевски.

To top