Македонија

ФОТО. Се чисти кејот на Вардар

ФОТО. Се чисти кејот на Вардар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито.

– Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото. Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола, вели Ѓорѓиевски.

Facebook / Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski

Нагласува дека, Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува.

To top