Македонија ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите

ФОТО: Мисајловски на увид во градежни активности за изградба на спортски центар во Хиподром

Саботниот ден го започнавме со увид на градежни активности за изградба на спортски центар во Хиподром во Општина Гази Баба, заедно со градоначалникот Бобан Стефковски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, објави на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

ФОТО: Мисајловски на увид во градежни активности за изградба на спортски центар во Хиподром

-Среќен сум што младите жители, но и сите останати категории на граѓани од Гази Баба ќе добијат ваков проект.

Со реализација на овој проект ќе се поттикнат и активираат жителите да развиваат здрави навики, да спортуваат и да се дружат.

Честитки до градоначалникот и неговиот тим за посветеноста во реализација на проектите во Гази Баба.

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 50 милиони евра директна поддршка за спортот со ново министерство за спорт!

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите, за спортистите и за сите останати категории на граѓани на Македонија.

Македонија повторно твоја!

Промените во твои раце!, пишува Мисајловски во својата објава.

To top