Македонија За Дубаи ни збор

Филипче ја дефокусира журката во Дубаи со партиска анкета без автор

Претседателот на партијата која според познавачите е во класичен слободен пад, не се изјасни дали во Дубаи најмногу уживал во „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ, но затоа извади наводна теренска анкета, не кажувајќи ни дали е правена пред или по журката со Заев. Вели дека нивната теренска анкета укажувала оти 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Контра ова, анкетата на ИПСОС презентирана во петокот посочи дека 21,3% од граѓаните се незадоволни од работата на Владата. За разлика од анкетата на Филипче која тој денеска ја истресе од ракав, ова истражување на јавното мислење има автор, период кога е правена, метод и број на испитаници. За такви анкети, без наведените податоци, многу македонски медиуми имаат платено солени казни.

Филипче ја дефокусира журката во Дубаи со партиска анкета без автор

Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, чие видео од журката со Заев во Дубаи денеска руши рекорди на гледаност по социјалните мрежи. „Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно“, посочи Филипче, одговорајќи на новинарско прашање во однос на најавата за предвремени парламентарни избори.

Претседателот на партијата која според познавачите е во класичен слободен пад, не се изјасни дали во Дубаи најмногу уживал во „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ, но затоа извади наводна теренска анкета, не кажувајќи ни дали е правена пред или по журката со Заев. Вели дека нивната теренска анкета укажувала оти 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Контра ова, анкетата на ИПСОС презентирана во петокот посочи дека 21,3% од граѓаните се незадоволни од работата на Владата. За разлика од анкетата на Филипче која тој денеска ја истресе од ракав, ова истражување на јавното мислење има автор, период кога е правена, метод и број на испитаници. За такви анкети, без наведените податоци, многу македонски медиуми имаат платено солени казни. Но ова се Венко Филипче и СДСМ, а зад нив е распупеното судство со 2% доверба и јавните обвинители со тежина од 1% доверба.

„Нашата теренска анкета укажува дека 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца граѓани не се задоволни од економските политики, од падот на животниот, од нашиот европски пат“ претседателот на СДСМ, но не кажа како си поминале со Заев во Дубаи, не сакал да коментира работи од неговиот приватен живот. Исто така, тоа е и порака дека Влен и ЗНАМ очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка, рече Филипче.

Филипче посочи дека интензивно работеле на стекнување доверба на нивните членови и симпатизери, и напомена дека постоело наводно значајно подобрување на атмосферата во општинските партиски организации.

„-Тоа што јас и сите мои партиски другари го работиме интензивно во изминатите месеци е стекнување на довербата на нашите членови и нашите симпатизери. Можам да кажам дека имаме фидбек, постои значајно подобрување на атмосферата внатре во општинските партиски организации, вратен е ентузијазмот, ни пристапуваат многу наши членови, но и оние кои што не гласале, останале дома или пак гласале за друг политички субјект“, но не објасни дали доброто расположение на партијците се прелеало и се должи на неговата еуфорија и на одличното расположение на Заев на журката во Дубаи.

Иако тој процес не е лесен и потребно е време, сметам дека патот на консолидација дефинитивно е почнат, рече Филипче.

Тој потсети дека конгресот на СДСМ е закажан на 20 ноември, каде ќе се избере новиот централен одбор, од кој ќе произлезе новиот извршен одбор и идното партиско раководство.

По изјавата, остана да виси впечатокот дека македонската јавност остана покуса за едно солидно и пластично објаснување за тоа како претседателот на СДС си поминал во Дубаи…

Повеќе за журката во Дубаи на следното видео:

Најнови вести од Македонија

To top