Македонија

ЕВЕ ШТО НИ НОСИ ПРОЛЕТТА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Испланирајте си го викендот со време, па подгответе се за пресврт на времето од понеделник! (ФОТО)

ЕВЕ ШТО НИ НОСИ ПРОЛЕТТА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Испланирајте си го викендот со време, па подгответе се за пресврт на времето од понеделник! (ФОТО)

Времето утре ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во Скопје наутро студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во петок ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Инаку УХМР најавува и дожд за од недела кон крајот на денот.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Најнови вести од Македонија

To top