Македонија реакција

ЕСМ со реакција на прес-конференцијата на Александар Николоски

АД ЕСМ ги осудува инсинуациите што денес во јавноста ги пласира потпретседателот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, изнесувајќи парцијални и паушални податоци во јавноста од документ кој е јавно достапен, се вели во соопштението испратено до медиумите од компанијата.

-Јавната набавка за услуга од Ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола, Булдозер – газеничар со снага на мотор од мин. 380 kW е рамковна спогодба, односно услугата ќе се користи кога ќе биде неопходно, во обем и со динамика која ќе биде неопходна за производствениот процес во комбинатот. Во став 4 од член 3 на Договорот за споменатата јавна набавка, јасно и недвосмислено е наведено дека обемот и времетраењето на услугите ги утврдува исклучиво договорниот орган – соодветните служби од РЕК Битола, зависно од неговите потреби. Согласно член 4, точка 1 од Договорот, носителот на набавката ќе го врши фактурирањето врз основа на уредно воден градежен дневник и градежна книга/записник за извршени работни саати/количини, потпишани од овластени претставници на двете договорни страни и врз основа на времетраење на ефективен ангажман – работа на машината, регистрирано на дневна основа со извештаи. Го потсетуваме потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ дека за првпат после две децении, АД ЕСМ набави механизација за сопствени потреби токму последниве три години. Со јавната набавка од 2021 година, за 17,5 милиони евра беа набавени 36 парчиња нова механизација за потребите на РЕК Битола. Втората јавна набавка на маханизација за потребите на АД ЕСМ беше реализирана во 2022 година, во вредност од над 10 милиони евра. За следната година предвидена е уште една набавка на механизација која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, истакнуваат од АД ЕСМ.

To top