Македонија трка со високо-туражни моторни чамци

Екологисти од Македонија и од Албанија против најавената трка со моторни чамци на Охридското Езеро

Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија.

Екологисти од Македонија и од Албанија против најавената трка со моторни чамци на Охридското Езеро

Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридското Езеро.

Проценките спроведени од страна на самиот организатор и стручни лица од областа на заштита на животната средина, покажуваат дека на настанот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми јаглероден диоксид (CO2), што во воздухот така и во самото езеро.

Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот наста, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година.

„Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото“, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација такви еколошко-неприфатливи настани на езерото.

За тоа какви се можат да бидат негативните влијанија на одржувањето сличчни настани на Охридското Езеро, повеќе ќе биде презентирано на прес-конференцијата што за утре ја закажаа претставници на Националната установа „Хидробиолошки завод – Охрид“ и на граѓански здруженија и оасоцијации од Македонија и од Албанија.

Закажаната прес-конференција е предвидена за утре во Охрид со почеток од 12 часот.

Најнови вести од Македонија

To top