Македонија „Двојни стандарди“

ДУИ: Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа

„Обложувалниците и казината далеку од нашите училишта и деца“ – велат од ДУИ.

ДУИ: Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа

Стево Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците. Приказната за реакцијата на Европската унија за европското знаме е петкратен стандард на Пендаровски. Пендаровски го потпиша спорниот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните оспорувања на земјите членки на Европската унија, закон кој ги пропадна речиси сите случаи на Специјалното обвинителство, велат од ДУИ.

-Пендаровски знаеше дека опозицијата го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Отстранување на казината бараат сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, особено со благослов на мајките дека „ги спасувате нашите деца“, но и граѓанското општество. Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци и ја одбра страната на обложувалниците и казината, велат од ДУИ.

„Уште пожалосно е образложението дека европското знаме било „злоупотребена“ за усвојување на законот и дека немал забелешки за содржината туку само за процедурата.

Обложувалниците и казината далеку од нашите училишта и деца“ – велат од ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top