Државната комисија за спречување на корупцијата констатираше дека нема основа за постапка за службените патувања на премиерот Мицкоски во Њујорк и Вашингтон.
Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.
Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.
Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.
Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата.