Македонија

Демир Далип: Местото на Египќаните е во Владата на премиерот Христијан Мицкоски!

Влдата на Македонија, предводена од Премиерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски е мултиетничка, во која партиципираат припадниците на речиси сите етнички заедници кои се дел од мултиетничка Македонија и го отсликуваат мултиетничкиот концепт на Македонија.

Демир Далип: Местото на Египќаните е во Владата на премиерот Христијан Мицкоски!

-Во тој контекст, и Египќаните како посебна, автохтона и автентична етничка заедница, која се карактеризира со својата лојалност, конструктивност и посветеност кон развојот на демократските процеси и европски вредности во Македонија, која исклучително сака да придонесе кон поголем степен на остварување на правата и слободите, интензивирање на институционално-интегрирачките процеси во Македонија, треба да бидат дел од МУЛТИЕТНИЧКАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕМИЕРОТ ПРОФ.Д Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ова и повеќе од фактот дека огромно мнозинство даде силна поддршка на Парламентарните а и пред тоа и на Локалните избори на кандидатите предложени од страна на ВМРО ДПМНЕ, со која НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ има потпишано Меморандум за Соработка, и која се очекува истата соработка да продолжи со поголем интензитет.

Вклучувањето на Египќаните во Владата, е демократска придобивка за Македонија, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.

Најнови вести од Македонија

To top