Македонија

Демант на Левица

Демант на Левица

Во гостувањето на „Сител Подкаст“, лидерот на Левица Димитар Апасиев се осврна на структурата на Левица.  По објавите дека во овој поткаст најавил дека би коалицирал со СДСМ, од партијата испратија демант.

-Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во кујната на ДПМНЕ кои избезумени од реалниот број на поддржувачи на Левица, не им останува ништо друго освен ширење лаги преку порталите блиски до нивните пропагандни центри, за како: “Левица била спремна да коалицира со СДС”, кога нивниот лидер Мицкоски експлицитно и пред целата јавност најави влада со СДС, велат од партијата.

Велат дека ставовите на Левица се концизни и непроменливи.

„Левица е направена за да дојде на власт. Таков е концептот, но не по секоја цена. Нас не ни е шубе да почекаме. Впрочем ако гледаме хронолошки, двајцата мои архи-непријатели, сега се во политичка пензија. Тоа се Груевски и Заев. Еве го и Таче си отиде, Таче нема ни да се врати. Значи ние педантно и паметно си ја развиваме и структурата и партијата. Така што ние имаме големи планови и не по секоја цена би се испрљале со влегување во власт како Алијанса и другите – со две министерски, со пет министерски места, со 100 вработувања. Нема такви пазари со нас. Платформа! Или се договараме политички, па после за кадровски ќе зборуваме, или не се договараме воопшто, си шибаме во опозиција.
Нашето прво полувреме е пресметка во левиот спектар. Значи, да го десеткуваме СДС и да го спуштиме под 30 пратеника. Тоа е нашата мисија. Веќе во второ полувреме, на редовни или предвремени, фајтот ќе биде левица-десница, односно Левица против ДПМНЕ. Идеолошки судир. Бидејќи овие социјал-демократите не се левичари. Тоа се две буржујски партии плус ДУИ мафијашката плус олигарсите.“

Најнови вести од Македонија

To top