Македонија потребно e учество на опозицијата техничката влада

Дали полицијата ќе биде слуга на партиите на власта?

По преговорите во Пржино се постигна договор на 2 јуни 2015 година по кој се интервенираше во Законот за Влада. Со истиот е предвидено во дел од владините ресори да се вклучат дополнителни или заменски министри со цел да вршат контрола врз власта во периодот пред изборите или 100 дена пред изборите. Учеството на опозицијата во стоте дена пред парламентарните избори од една страна е, кочничар на потенцијални криминални активности на лица од власта пред се на МВР, а од друга страна и дава легитимитет на преодната или техничка влада.

Дали полицијата ќе биде слуга на партиите на власта?

Како ресори кои на некој начин се ставаат во функција исклучиво на власта се два ресори или Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. Првото преку контрола на теренот и замижување пред евентуални неправилности во корист на партиите на власт, а вториот ресор преку помош за ранливите категории на граѓани позната како еден вид на поткуп. Токму така се дефинираа и владините мерки презентирани од премиерот Димитар Ковачевски последните денови од ноември.

Сепак во целата операција избори клучно е Министерството за внатрешни работи. Во моментов има министер познат по низа на афери меѓу кои давање на пасоши на криминални структури, потоа по акцијата Планина во Грчец во јавноста протекоа фотографии како министерот за внатрешни Оливер Спасовски седи на иста маса со наркобосови, но тој до последно не кажа зошто седи со нив, ама ја повика јавноста да покаже кој од лицата на сликата се криминалци, на листата на Спасовски последен е случајот со убиствата на велешанецот Панче и малата Вања. Оттука се поставува прашањето колку може да и се верува на полицијата бидејќи и претходни изборни циклуси говорат дека таа главно работи по наредба на партиите на власта.

Токму затоа, аналитичарите велат дека е потребно учество на опозицијата. Од една страна таа да биде кочничар на криминалот, а од друга страна тоа е клуч за демократаски избори.

Што предвидува Законот за Влада, во кои ресори опозиција поточно партијата од опозицијата со најмногу пратенички места во кои се ресори ќе биде застапена?

Според член 43 сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Владата кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.

Во кои се ресори опозицијата ќе има свои луѓе е дефинирано во член 45 од истиот Закон. Или како што се вели во членот „заради организација на предвремените избори за пратеници Собранието на предлог на претседателот на Владата, именува дополнителен заменик на министерот во Министерството за внатрешни работи – предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието, Министерството за труд и социјална политика – предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието, Министерството за финасии – предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен од политичката партија во опозиција со најголем број на пратеници во Собранието и Министерството за информатичко општество и администрација – предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието“.

Најнови вести од Македонија

To top