Македонија сточари

Цветан Трипуновски, Иван Гоцевски, Николчо Стојменовски во борба и заштита на интересите на сточарите

Во програмата за рурален развој за 2024 година за Мерка 213 “Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики”, ЗГОЛЕМЕНИ СЕ БРОЈКИТЕ ЗА МИНИМАЛЕН БРОЈ НА ГРЛА!

Цветан Трипуновски, Иван Гоцевски, Николчо Стојменовски во борба и заштита на интересите на сточарите

Во програмата за рурален развој за 2024 година за Мерка 213 “Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики”, ЗГОЛЕМЕНИ СЕ БРОЈКИТЕ ЗА МИНИМАЛЕН БРОЈ НА ГРЛА!

Или да бидам појасен, ако претходно беше 150 овци по вработено лице сега е ставено 300 овци за едно вработено лице.

Ако претходно беше 50 кози за едно вработено лице, сега е ставено 150 кози за едно вработено лице.

Претходно беше минимум 50 крави за едно вработено лице, сега е ставено 100 крави за едно вработено лице.

Ова е ОГРОМЕН проблем и несомнено е дека ќе значи откажување од одгледување на овци, кози и крави и на оние кои што едевај егзиститаат во рамки на оваа програма што ќе значи дополнително намалување на добиточниот фонд.

Ова можеби навидум изгледа како мотив за зголемување на добиточниот фонд, но во разговор со одгледувачите дознаваме дека во оваа гранка има сериозни проблеми од типот на недостаток на пасишта, високи цени на основните потреби во овие гранки, ниските откупни цени на млекото, отежнати процедури за сертифициран готов домашен продукт и слично, што во овој момент и тоа како ги обесхрабрува да ги оддржуваат и моменталните стада и ваква една мерка можеби ќе вроди со плод после периодот кога овие проблеми со кои одгледувачите во овој момент се соочуваат.

Ваквите ЗГОЛЕМЕНИ БРОЈКИ ЗА МИНИМАЛЕН БРОЈ НА ГРЛА освен што ќе ги преполови бројот на пастири кои што егзистираат преку оваа мерка и ќе ги уништи помалите семејни фарми, ќе значи и намалување на количините на млеко и со тоа дополнително ќе станеме увозно зависна држава од млечни суровини од кои пак ќе страда квалитетот на познатото македонско бело домашно сирење.

Затоа мора внимателно да се размисли во секојдневна комуникација со земјоделците пред да се донесуваат вакви штетни мерки како оваа за која го пишував мојот став погоре.

Затоа сакам да уверам во тоа што го видов од терен дека ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО и дополнителниот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски имаат тим кој ќе направи реформи и промени во земјоделието и затоа народот мора да го направи правиот избор на претстојните парламентарни избори.

Промените се неопходни и доброто е што доаѓаат…”

-Стои во реакцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево споделена на социјалните мрежи со Цветан Трипуновски- заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство како и Д-р Николчо Стојменовски- ветеринарен лекар од Делчево.

Извор: bregalnicki.mk

Најнови вести од Македонија

To top