Македонија јовановски читаше пораки

Боки 13: Русковска заради 27-април доби шефовско место, ги знаеше пресудите и пред судот да ги изрече

Боки 13: Русковска заради 27-април доби шефовско место, ги знаеше пресудите и пред судот да ги изрече

„Јас ја прашувам на 23.02.2019 година, ‘Вилмич, кај сакаш да седнеме на вечера’. И ги повикувам медиумите, еве, и таа не гледа, можеби само е во алкохолизирана состојба, да и се јават и да ја прашаат дали е тоа точно или не е, ако е тоа точно. Вилма ми одговара ‘Ќе ви јавам, само да завршам’, јас ја прашувам ‘Што сакаш од Италија, Вилмич’, таа ми одговара: ‘Од Италија само кондури се купуваат’, јас ја прашувам: ‘Кој број кондури носич Вилмич’, таа вика ’37’, па вика дека кога била во Рим, само кондури купувала. На 20.03. 2019 година ми вели: ‘Пуштај ми новинар, ќе го викнам на распит З. Караџовски, многу ми е одвратен, ќе го уништам’, јас ја прашувам: ‘За што го викаш на распит?’, таа ми вели: ‘Нели му отворив предмет за бонусите кои ги потпиша за судиите’. Јас ја прашав кога и треба новинар, а таа одговара. Таа вика: ‘Одвратен ми е, ќе ти кажам што да го праша новинарот’. Таа ги уредуваше работите. Тоа го правела во Рекет, цело време“, рече Јовановски.

Потоа продолжи со читање на пораки.

„Потоа ми вели: ‘Само вие фалете ја Катица и тие дебили за да можат да им го донесат законот за да зимаат уште повеќе бонуси’. Јас и одговарам: ‘Не сум во тек на пат сум’. Таа вика: ‘Па на вести само тоа објавувате и уште најавувате дали јас сум можела да ги постигнам овие резултати во ОЈО-ГОКК. Срамота. Ај те молам кажи за кои стандарди треба да се борам’. Значи, таа уште тоа време, имаше анимозитет кон Катица и СЈО. И вели: ‘Или треба да бидам неписмена како свиња Катица’. Потоа ми вели: ‘Онаа дувнатата од кај тебе од ТВ многу се замислува’. Мисли на Дувњак и кажува дека веќе нема да гостува. Потоа вели: ‘Оној шпиунон Ордановски немора толку да одработува за СЈО, ја изгледав емисијата за 27-ми, на што личеше тоа?’. Јас и викам, чекај да видам, те барам“, додаде Јовановски.

Посочи дека внукот на Вилма Русковска е обвинител во Куманово, па барала тој да биде вработен кај Катица, да помогнел.

„Месец март, 2019 година. Откако јас сум ги зел наводно парите од Јордан Камчев. Јас на тоа викам, ‘слушни се подобро со Катица, така е подобро’. Да си се договорат тие две, колешки се. Се оградувам. Претходно кога ми рекла да пробам кај Катица, јас викам, ‘важи, ќе биде’“, додаде Јовановски.

Потоа, посочи дека на 13.03. бил во комуникација со Русковска, на два дена пред пресудата за 27-април.

„Таа ги знаеше пресудите за 27-април порано од судот да ги изрече и да донесе пресуда. Јас и пишувам: ‘Утре ќе ја пренесуваме пресудата за 27, цела’, Вилма враќа: ‘Ќе биде интересно,  највисоки казни, после ќе давам изјава’. Јас враќам: ‘Значи Кацарска ќе направи лом’, Вилма вели: ‘Лом, лом, ќе видиш’. Јас и викам: ‘Дај некоја ексклузива’, јас и барам ексклузива на телевизијата. Она ми одговара: ‘Само една ослободителна, другите сите високи’. Русковска: ‘После пресудата ќе ја бараме Кацарска да гостува’ и точно, дојде кај Гордана Дувњак да гостува во емисија. Таа ми изнесува пресуда пред пресудата да биде изнесена. Потоа ми зборува за директори кои што ќе бидат ексклузивно апсени за две недели итн“, додаде Јовановски.

По ова посочи: „Јас и го зборував ова на Вилма Русковска, дека ќе и дојде овој ден, дека ќе одговара. Она беше свесна дека ова постои во мојот телефон. Они ме уапсија, мислеа ќе ги има само доказите за Јордан Камчев, снимка, разговори и дека во мојот телефон нема да има ништо. Две недели пред да ме уапсат, една личност ме подучуваше да избришам се од телефонот, да сум го напраел ко нов. Ми викаше ‘злу не требало’. Јас на тоа, за да престане да ми зборува тоа, јас викав: да, да, да избришав’. Јас намерно телефонот го држев без пасворд, намерно. Таа кога го зема телефонот, се сретна со пораки, меѓу кои, со пораки со Наум Пановски. Виде пораки каде Наум Пановски ја напаѓа, каде дава информации какво и е обвинението за 27-ми април, мене ми кажува дека е алкохоличарка која е неписмена, тоа се негови зборови и дека други и ги правеле обвинението, дека од ракав и се обвинети луѓето“.

Јовановски додаде и: „Заради 27-април доби шефовско место. Го доби предметот за работење, па стана и шеф на организиран криминал. За да се изживњава на луѓе, упропасти толку места. Цитирам порака дека обвинението е пишувано од ракав и дека кому-иде луѓето се ставени таму“.

To top