Македонија Колумни колумна

БЦ од Тему или конгресната СДС бурлеска на Кралот Зајдисонце

Филипчо во 5 броја поголеми кодури и „цепки“ во неуиграна ролја на БЦ од Тему. Невидена пародија, луциден излив на страв, уплав и очај искомбиниран со инфантилен его-трип и зачинет со тони ароганција, агресија и закани. Последното засолниште на неспособните. Најава за чистка и пресметка со сите, освен со послушниците. Гарант си помисливте – не дај Боже ова исфрустрирано човече да дојде на власт, „биќе белаја“, а Адолф, Пиноче, Франко и компанија вода ќе му носат. Патетична бурлеска на Венко 14-ти, Кралот Зајдисонце…

БЦ од Тему или конгресната СДС бурлеска на Кралот Зајдисонце

Брилијантен конгрес, збирштина која ќе влезе во аналите на партиските собиранки во Македонија. Уникатен по многу работи, абе така урнебесен и „диктаторски“ оригинален. Филипчо во 5 броја поголеми кодури и „цепки“ во неуиграна ролја на БЦ од Тему. Невидена пародија, луциден излив на страв, уплав и очај искомбиниран со инфантилен его-трип и зачинет со тони ароганција, агресија и закани. Последното засолниште на неспособните. Најава за чистка и пресметка со сите, освен со послушниците. Гарант си помисливте – не дај Боже ова исфрустрирано човече да дојде на власт, „биќе белаја“, а Адолф, Пиноче, Франко и компанија вода ќе му носат. Патетична бурлеска на Венко 14-ти, Кралот Зајдисонце…

Ова би бил најкусиот опис на шарадата наречена Конгрес на СДС, место на кое Венко го покажа своето вистинско лице на мал, октроиран диктатор.

Неговите сопартијци без розови очила на себе добро приметија, малиот диктатор направи лош „копи-пејст“ на настапот на социјалдемократскиот идол БЦ од 2009-та, само што ова од „Или си СДСМ или не си“, испадна „Или си со Венко (Заев), или бркај работа“. Блед настап, како што некој му срочи: „Без страст, без уверување, како дигитално ехо од една одамна одиграна претстава.“

Искрено, мора да сте експерт за предавства за да тие да ти бидат хај-лајтот  на цел еден конгрес. Очебијно, уплавот е толку голем што некој мора да се пресметува со сите, со „предавниците“ во сопствените редови и со оние „предавници“ од власта кои ја уништувале и предавале Македонија. Особено, кога тоа доаѓа од „доктор на науки“ по предавства, лик кој со својот ментор Заев нема што не предаде во државата.

Може само да си замислите колку некој е индолентно самобендисан за да каже дека „државотворноста им тече низ вените“, а тие „синокрвци“ и е… мајката на истата таа држава. Да беше по нивно, немаше ни да ја имаме, сетете се само на 1991-та и нивната желба за опстојба во Југославија која се распаѓаше, па на промената на знамето, „привременото“ резил име БЈРМ, територијалната поделба, та Бугарски договор, Преспанска капитулација, смена на име, устав, преамбула, двојазичност, Француски предлог, Заевци, Тачевци, Пендиковци, Димитровци, Бојко љубави изливи, врзување машни, коленичење, на сета таа безрбетност и арамилак, на сиот срам кој го трпиме и „јадеме“ со децении заради „државоуморците“, не државотворците. Каде ќе ни беше крајот, ако останеа..

И искрено, мислевме дека по Заев не може да дојде некој поајван. И та-дааааам, дојде Таче, дилајла за сите пари. И повеќе…

Арно ама, Тачето имало среќа. Очебијно, нема да остане запаметен како најсуртук-лидер на СДС, со најлош резултат уште помалку, ваков инфантилен „нелидер“ мајка ретко раѓа, дефинитивно. Да си го чувате, абе „ко очите“…

 

П.С.

И ВМРО, престанете нон-стоп да ги рчкате и зезате СДС  со оние прес-конференции против Фичо. „Новите“ дечки од Бихаќка не сфаќаат дека ги работите како бавчи и намерно му ги дигате акциите на мизерниот ќелепур. Не контаат дека подобар „лидер“ на СДС не сте имале како контра-табор, не сте можеле ни да соните таква шушајка. Веројатно, тоа „државоворноста“ во вените им „удира во глава“ и им пречи за да увидат дека власта треба да им плаќа за да камиказе-ликов продолжи да ги води. Кон подрумот на дното и во 6-та кон јавно политичко харакири.

И да не се лажеме, по сите злодејанија, не дека ќе фалите некому…

 

 

 

Најнови вести од Македонија Колумни

To top