Македонија Вевчански извори

Атанас Костојчиноски за Водици најсреќен меѓу верниците во Вевчани

На Богојавленското осветување на водите во Вевчанските извори присуствуваа голем број вевчанци, а 15-тина се обидоа да стигнат до светиот крст.

Атанас Костојчиноски за Водици најсреќен меѓу верниците во Вевчани

Средношколецот Атанас Костојчиноски од Вевчани, го извади светиот крст од осветените пенливи Вевчански извори, на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Младиот вевчанец прв пат го фаќа светиот крст за Водици. Како и сите момчиња кои учествуваа во фаќањето на чесниот крст и тој очекува среќна и успешна година.

На Богојавленското осветување на водите во Вевчанските извори присуствуваа голем број вевчанци, а 15-тина се обидоа да стигнат до светиот крст.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top