Пет наспрема еден, ова е соодносот на довербата на премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во споредба со неговиот политички опонент од СДСМ, Венко Филипче. 27,8% е довербата на Мицкоски, а во Филипче доверба имаат 5.5 насто од граѓаните. Втор по рејтинг во државата е претседателот на ДУИ, Али Ахмети со рејтинг од 8,6%.
Ова е анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел – едната во периодот од 9-ти до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници. Информациите од неа ги пренесе премиерот Христијан Мицкоски на првиот брифинг со новинарите по стартот на новата влада.