Македонија АНТИМАКЕДОНСКО ТРИО

АНАЛИЗА: Триаголник на злонамерни интереси – Како Бугарија, СДСМ и ДУИ влијаат врз македонската политика

Според аналитичарите, овој триаголник на интереси ги обединува СДСМ, ДУИ и Бугарија преку скриени договори и корупциски врски, кои директно влијаат на политичките и економските процеси во Македонија.  

АНАЛИЗА: Триаголник на злонамерни интереси – Како Бугарија, СДСМ и ДУИ влијаат врз македонската политика

Критиките на СДСМ и официјална Софија кон дипломатската офанзива на премиерот Христијан Мицкоски во САД отворија дополнителни прашања за нивниот однос со ДУИ.

Според аналитичарите, овој триаголник на интереси ги обединува СДСМ, ДУИ и Бугарија преку скриени договори и корупциски врски, кои директно влијаат на политичките и економските процеси во Македонија.

Една од клучните точки е неодамнешната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во која Македонците беа наречени „Бугари“ и беше најавена поделба на Македонија. Овој став, според експертите, е директно поврзан со договорот за добрососедство кој го потпиша Бујар Османи како дел од владејачката коалиција со Зоран Заев и со поддршка од бугарската држава.

Дополнително, се посочува на економските врски меѓу раководството на СДСМ и ДУИ со Бугарија. Компании поврзани со Зоран Заев и Венко Филипче, регистрирани во Бугарија, генерираат милионски приходи преку разни тендери и корупциски договори. „Милионите им се подраги од интересите на државата,“ коментира аналитичар, додавајќи дека ваквите финансиски интереси го објаснуваат „залогот и измеќарскиот однос“ на СДСМ кон Бугарија и ДУИ.

Оваа спрега на злонамерни интереси, според експертите, го објаснува и поданичкиот однос на СДСМ кон двете страни – прифаќање на сите услови на Бугарија и толерирање на коруптивните практики на ДУИ. „СДСМ го претвори македонскиот суверенитет во монета за поткусурување со Бугарија и ДУИ,“ истакнува политички аналитичар, нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат јасни одговори за оваа комплексна мрежа на интереси.

Ваквите односи уште еднаш покажуваат дека корупцијата и личните интереси ги надминуваат националните приоритети, оставајќи ја Македонија како заложник на триаголникот Бугарија-СДСМ-ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top