Некрофилското дејствување на дел од политичките чинители во Македонијa отвори многу прашања за недостигот на емпатија и човечност од една страна и јасно изразениот опортунизам и гол макијавелизам на опозицијата од друга страна. И додека Македонија е завиена во црно, а граѓаните се’ уште не можат да се свестат од неверојатната болка која на сите здраворазумни луѓе им ја нанесе кочанската мега-трагедија, политичките стрвинари по кој знае кој пат не успејаа да се надминат себеси и своите приземни и лукраттивни пориви. Додека сите гледаа како да ја намалат болката на семејствата, сочуствувајќи со нив и помагајќи на каков и да е можен начин во националната трагедија, македонските некрофили гледаа како да ја искористат и злоупотребат ситуацијата во своја полза.
Во кусата нализа, се обидовме да ги истакнеме и разјасниме матните и нечовечки мотиви на партиите и поединци кои без срам и усул, непочитувајќи ја болката и траурот во кој е завиена Македонија, со силно УРА влегоа во уште една стрвинарска авантура. Во 12 точки, за грдите игри без граници и бесчуствителноста на инфантилните актери инволвирани во нова, црна епизода на македонското не/битисување.
- СВЕДОЧИМЕ НА БРУТАЛНА ПОЛИТИЧКА ЗЛОУПОТРЕА НА ТРАГЕДИЈАТА: Некрофилска кампања на СДСМ, Левица и Шарените
Наместо тишина, достоинство и почит, добиваме координирана офанзива од истите структури кои и во минатото ја поткопуваа државата преку уличен активизам маскиран како морална борба. Протестите и јавните настапи се злоупотребуваат за лична промоција, медиумска хистерија и поттикнување гнев во функција на политички калкулации.
- ВЕЌЕ ВИДЕНО: Македонија веќе го преживеа „шареното сценарио“ – но последиците беа катастрофални
Народот добро памети – по шарената револуција дојде Заев, следуваше промена на името, распродажба на државните интереси, легализација на корупцијата и потполн распад на институциите. И сега истите актери, со истите методи, сакаат нова рунда – но овој пат, Македонија нема да дозволи.
- РЕГИОНАЛНИ КОПИ-ПЕЈСТ ЗЛОДЕЈАНИЈА: Дестабилизацијата е стратегија, дали следува бугарско-српско сценарио за ново клекнување на државата?
Провоцирање уличен хаос, вештачко генерирање кризи, и обид да се симне легитимна власт – тоа е стара шема. Но, прашањето што се поставува е: дали некој подготвува нов договор, ново клекнување, ново прекројување на идентитетски теми и економска зависност под диктат на туѓи интереси?
- ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕМОЦИИТЕ – Отпорот против Владата не е идеолошки, тој е криминален
Токму тие што сега повикуваат на улици и „правда“, се истите што ја создадоа неправдата. Тоа се структури на поранешни директори, партиски апаратчици, квази-невладини организации и медиумски инструменти, кои живееја од систем на привилегии. Оваа Влада се бори против тој систем – затоа тие се толку агресивни.
- „ПОВИКАЈ ПРИЈАТЕЛ“ ВО АНАРХИЈАТА – Толпата не смее да суди, тоа е задача на правдата и законот
Секоја трагедија бара сочувство, одговорност и вистина – но не линч. Правдата не се постигнува со улична пресуда. Ниту една нација не се изградила со лов на вештерки. Ова е момент кога треба да го вратиме принципот на владеење на правото, не владеење на гневот.
- „БУДЕЊЕ“ ОД ХИБЕРНАЦИЈА – Шарената револуција никогаш не ни умре , само чекаше нова трагедија за да се реактивира
Истите ликови, истите мрежи, истите слогани. Овој пат маскирани во „граѓанска иницијатива“, но со добро позната политичка агенда – рушење на стабилноста и менување на власта без избори.
- ЛОШИ НАВИКИ – Студентите пак се злоупотребени , а зад сцената стојат идеолошки ментори и поранешни функционери
Иако младите имаат право на глас и став, тие повторно се претворени во средство за исполнување на агенди на професори, пензионирани активисти и поранешни советници од Шарената коалиција, кои повторно се обидуваат да ја хибридизираат демократијата.
- КОМШИСКИ КОПИИ И „ПОДАДЕНА РАКА“: Протестите се координирани преку регионални центри, Белград е само првиот доказ
Видеата и документите покажуваат обука, насоки, стратегии. Се работи за добро уиграна операција со регионален карактер, во која Македонија е следната цел по Србија. Целта е хаос и слабеење на легитимните институции.
- МИНАТОТО ГИ РАЗОТКРИВА – Тврдењата за неказнивост се лицемерие: Токму тие што обвинуваат, ги штитеа криминалците со години
Опозицијата сега бара одговорност, но кога тие беа на власт, немаше ниту една оставка за Ласкарци, Беса Транс, модуларната болница или пожарот во Тетово. Зошто тогаш молчеа?
- ДЕСТРУКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ОСТВАРЕНИОТ ПРОГРЕС: Сценариото не е само за уличен притисок – туку и за меѓународна дискредитација на државата
Се води кампања преку медиуми, аналитичари и НВО мрежи кон странските амбасади и организации со цел Македонија да се прикаже како „нефункционална држава“ и да се притисне за нови отстапки.
- ЗЛОУПОТРЕБА НА ВИСТИНСКАТА БОЛКА: Вистинските граѓани немаат ништо со тие структури, тие само сакаат правда и мир
Во протестите има и искрени луѓе со вистинска болка, но водството е преземено од политички структури што сакаат да ја претворат трагедијата во уличен суд, а несреќата во средство за власт.
- ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ: Ова е момент за избор – држава со институции или улична анархија
Ако ова сценарио не се спречи, државата ќе влезе во период на вештачки кризи. Сега е времето за граѓаните да се одлучат: да поддржат ред, закон и реформи, или да го следат патот на уривање и хаос.

