Македонија Дали во СЈО се проневерени/ограбени  безмалку 4,6 милиони едвра?

АНАЛИЗА на Костов: Како и колку Катица Јанева и 10 специјални обвинители го ограбиле Буџетот на Република Македонија? (1. ДЕЛ)

Ви ја презентирам специјалната јавнообвинителска матрица за трансформација на СЈО, од обвинителство  за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации, во СЈО специјализирано за крининална и специјална јавнообвинителска корупција

Ред е да ги соберeме овие суми за подобра прегледност на висината на ограбените пари: Катица инкасирала вкупно 8.190.000,оо денари или 133.170 евра, а секој од 10-те обвинители по 5.170.000,оо денари или 84 065 евра.

Браво! Генијално! Ама и одвратно, криминогено, казниво, и правдата мора да ги стигне

АНАЛИЗА на Костов: Како и колку Катица Јанева и 10 специјални обвинители го ограбиле Буџетот на Република Македонија? (1. ДЕЛ)

 

Дали во СЈО се проневерени/ограбени  безмалку 4,6 милиони едвра?

Доколку се ограбени?! – Тогаш прашање е кој го направил тоа, со која цел и на кој начин?

 Пред било што да напишам за оваа тема, и соопштувам на јавноста дека се што ќе биде напишано всушност ќе е јавна кривична пријава за 11 јавни обвинители од СЈО и за обвинителите кои го прикриваа тој криминал, јавните обвинители Љубомир Јанески, Љупчо Коцевски и Ислам Абази. Кривично правниот случај ќе биде третиран со позитивни законски прописи, акти на СЈО, акти на други државни органи, како и на обезбедени докази.

Веднаш да напомнам дека општествен  интерес е со факти да се обзнани ограбувањето на буџетски пари од специјалните јавни обвинители и кривичната пријава за случајот популарно наречен “бонусите на специјалните јавни обвинители“ и да се разобличат институциите и носителите на јавни и одговорни функции кои се обидоа да го прикријат овој кривично правен настан..

Во таа смисла треба да се знае дека Катица Јанева, Ленче Ристоска, Бурим Рустеми, Љубомир Лапе, Стевчо Донев, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Лиле Стефанова, Марија Ѓоргева и  Лејла Кадриу, пријавени се за следните кривични дела:

 

  1. Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од КЗ,
  2. Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 в.в ст.1 од КЗ,
  3. Проневера во службата од чл.354 ст.3 в.в ст.1 од КЗ,
  4. Измама во службата од чл.355 ст.3 в.в ст.1 од КЗ и
  5. Противзаконита наплата и исплата од чл.362од КЗ,

 

Прва констатација: Ова е сериозна кривична пријава, за сторени конкретни и сериозни кривични дела, ос страна на 11(единаесет) јавни обвинители во поранешното Специјално јавно обвинителство.

 

Втора констатација: Единаесете напред наведени обвинители противправно присвоили 66.454.891,оо денари(околу 1.080.567 евра), износ со кој го оштетиле Буџетот на Република Македонија, т.е. парите на граѓаните на Македонија.

 

Забелешка: останатата сума пари до 282.896.060,оо денари(околу 4.599.935 евра) противправно е исплатена на 93 јавнообвинителски службеници и помошно-технички персонал, за 27 се истражители, за 19 се волонтери, 9 се лица ангажирани со договор за дело, лица ангажирани за консултански услуги.

 

Трета констатација: Катица Јанева и нејзините јавни обвинители секој месец редовно земале плата и надоместоци(според законските прописи и актите на СЈО, а овие “надоместоци на плата и надоместоци“ биле еден вид бонуси смислени од Катица и нејзината јавнообвинителска дружина.

 

Како во СЈО се проневерени/ограбени се проневерени овие безмалку 4,6 милиони едвра?

 

На противправен начин со помош на три незаконски одлуки донесени во период од 01.02.2016г. до 02.10.2017г, а парите противправно се исплаќани од јануари 2016г до септември 2019г.

 

Замислете почитувани граѓани, само 4 месеци по формирањето на СЈО, кога сеуште се екипираа, организираа и вселуваа во работни простории, без ништо да сработат, тие веќе на 01.02.2016г донеле одлука да си исплаќаат незаконски баснословни суми во вид на “бонуси“(надоместоци на надоместоци). Па така Катица Јанева си одредила незаконски бонус во висина од 100.000,оо денари, а за останатите 10 јавни обвинители бонусот бил “само“ 70.000,оо денари. И до септември истата година Катето си се почастила со 870.000,оо денари, а колегите и обвинители, секој со по 630.000,оо денари

Тоа им било малку па во септември донеле одлука со која незаконските бонуси ги зголемиле. Па така од септември 2016г. Катица почнала да присвојува месечно по 140.000,оо денари, а колегите и обвинители по 90.000,оо денари. Сума сумарум до ноември 2017г. Катица незаконски присвоила 1.820.000,оо денари(29 593 евра), а колегите нејзини по 1.170.000,оо денари(19 024 евра). Е, и со таа сума не се задоволиле, па така од ноември 2017г. до септември 2019г. си се почастиле уште со едно покачување: Катица отишла на ниво 250.000,оо денари месечен бонус, а колегите стигнале до котата 150.000,оо денари за месец. И така за наведениот трет период Катица си се почастила уште со 5.500.000,оо денари(89 430 евра), а колегите и со по 3.370.000,о денари(54 796 евра).

Ред е да ги соберeме овие суми за подобра прегледност на висината на ограбените пари: Катица инкасирала вкупно 8.190.000,оо денари или 133.170 евра, а секој од 10-те обвинители по 5.170.000,оо денари или 84 065 евра.

Браво! Генијално! Ама и одвратно, криминогено, казниво, и правдата мора да ги стигне.

Инаку, за овој тежок јавнообвинителски криминал на 05. 08. 2020г. биле информирани Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Македонија и Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, ама тие ништо не превземале тоа да се испита и процесуира од надлежните органи на прогон. Подоцна, и обвинителот Љупчо Коцевски направи се обвинителите од СЈО да не одговараат за сторените кривични дела, падури и тенденциозно и бесправно прогонуваше своите колеги Мустафа Хајлурахи и Јово Цветановски, само и само да ги спаси Катица и “специјалците“.

Инаку, како е изведена оваа ограбувачка јавнообвинителска акција на буџетски пари и пари на граѓаните на Република Македонија, и како е држана “под радар“, ќе ви презентирам во следното продолжение.

Денес го објавувам решението II КОЖ1 бр.422/24, Скопје, 02.12.2024 г. донесено од обвинителот Јован Цветановски(Вишо јавно обвинителство, Скопје), со кое СЕ ЗАДОЛЖУВА  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да ја продожи постапката.

(продолжува) 

Сотир Костов

 

To top