Подрум на дното. Ова е најпластичниот опис на ултра-приземниот вокабуларот и однесувањето на „водачите“ на СДСМ и Левица, кои денеска „бриљираа“ на македонската политичка сцена.
Првиот колиционер, Филипче, со речник од „Мемоарите на младиот трујач“ епизода „Бихаќка“, субверзивно срочи: „ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги отрујат Скопјани само да си го спасат својот политички рејтинг.“ Ова, колку и да е нелогично го кажа во време кога неговиот рејтинг е СЕДУМ ПАТИ ПОНИЗОК од рејтингот на Мицкоски, а неговата партија се движи во границите од 5 ДО 7 ПАТИ пониска доверба од ВМРО-ДПМНЕ. Ве тера да се запрашате – „Кој овде е подготвен (спремен е србизам) да направи се’ само за да го спаси својот политички рејтинг, бројки кои се во слободен пад?“ Не ќе да е ВМРО…
Вториот колаиционер, Апасиев (кој на социјалните мрежи со право го доби прекарот Апашлиев), денеска дефинитивно се надмина себеси. Тој крајно дегутантно, минувајќи ги сите граници на елементарна пристојност и каква и да е политичка коректност, со цел ум истресе и „обелодени“ еден од предизборните слогани на неговата партија: „Посери се на мицковизмот“. Вакво дно, дефинитвно немало на македонската политичка сцена, зборови кои наликуваат на некое разгалено дериште, не на политичар, па макар бил и Апасиев. Соодветно на кажаното, на социјалните мрежи му одговорија: „Димче, се уср… До гуша.“
Но, на што се должи оваа кулминација на безобразието и кочијашкиот, пред-кооперациски вокабулар на „лидерите“ од коалицијата СДСМ/Левица? Велат дека ова е одглас на тоа што Левица од неодамна не е политичка Девица. Невиноста и ја одзеле токму СДСМ. Во превод, како што се шегуваат по социјалните мрежи – „Венко политички го „дефлорирал“ Димче“, па тој сега ужаснат од сознанието дека коалицирал со оние кои до вчера ги правеше подолу од она со кое сега лепи по тоалетите, го вади најлошото од себе. Прикаската за Доктор Димче и мистер Апасиев.
Факт е дека кампањата започна со „командант“ кој замина во лов, со Венко кој нон-стоп ја труе македонската јавност со лажни приказни (Тошковски демек добил писмо од Росица, претседателката со измислените восочни фигури итн., ВМРО ги труе скопјани) и со една изгубена невиност. Во првиот случај, Алија во очајнички обид се фати со „загари“, во вториот некој црта ЦРвен и линии во очекување на Црвен картон на 19-ти, во третиот една опозициска партија изгуби невиност и заигра оро со „ѓаволот“ за да дојде на власт. Поверојатно да освои повеќе советнички места, за градоначалник, се’ уште можеле само да сонуваат.
Како кај командантот кој ја наполни „Борис Трајковски“ со десетици автобуси од македонските градови, демонстрирајќи дека и во Скопје стои бааги климаво, проговори Фројд. Чуму Сигмунд? Па, потсвесно се фати за загари, навредувајќи ги конкурентите од ВРЕДИ, а всушност си направи проекција на она што ќе го прави во блиска иднина. По поразот, со загарите (вистински) во лов, како пензионер. Кармата е кучка, докажано. Во униформа слична на онаа во која направи „кариера’, ловџиска, па може и со УЧК знакчиња. Туку, којзнае дали ќе лови со калашот или ќе користи некој снајпер од ОНА, ова ли. Без дозвола, разбира се. Така било во Европа… Сега лови гласови. Набргу ќе лови зајаци. Многу орелски момент, нели? Поверојатно, Орвеловски…
Во исто време, уште еден доказ за една врвна хипокризија. Круцијален. Дека за некои лабилни ликови, власта и парите се заразни. Дека и по толку џева за независност, герила и патриотизам некој го дал задникот под кирија. Она, дека Левица повеќе не е девица. Ви се појавува пред очи грдата слика за Венко и Диме? Бљак, нели, скраја да е, но вистината е таа. СДС и ја зема невиноста на Левица. Докажано. Како поинаку ќе објасните факт што „прекалени“ патриоти од до вчера „независната“ партија која со „дрва и камења“ фрлаше по СДС и ВМРО сега работат кампања за Бихаќка? Зарем Апашлиев би им го дозволи тоа, да работат за Филипчо? „Немогуќе“, ке бекне велешанецот што милува нон-стоп да „зборуе“ на скопски. Или, се’ е фарса и „ко божемски“, тој демек не знае за тоа? Не веруваме, како што веруваме дека најдобар опис на „случајноста“ во политиката и општествениот живот е објаснувањето дека случајност е моментот кога, всушност“, само не ги гледате рацете и врвките на кукларот кој ја движи марионетата по (македонската политичка) сцена. И не, не се случајни муабетите за договорена коалиција меѓу нив. Нејсе што толку многу се кажа против Заевци, Ковачевци и Филипчевци, противникот отсекогаш бил еден и единствен. Башка, генезата им е во шарената дееволуција, па и природно е радикалното и давајгазското крило на една те иста партија да се фузираат. Оти, некогашната „Девица“ е продукт на ес-де-есовскиот доктор Франкенштајн, нус-ефект и чеда изнедрени од нивната шарена глупоштија…
Којзнае дали членството знае за ова, но и тоа е малку верно, иако, не веруваме дека толку многу пијат нафта и не знаат дека во многу општини ќе го поддржат кандидатот на СДС во втор круг, а онаму каде немаат и во прв. Северна ли беше неверна? Или, сепак, не била саде таа…
И повторно, сите против ВМРО. Историска класика. И така, со векови. Иако, овојпат, се знае кој ќе го „изеде стапот“. По толку мед, редно е…
„НО, ТОА НЕ Е СЕ’!!!“, потенцираат познавачите на менталните и банковни состојби на инфантилните македонски политичари и на “новите ветришта“ на македонската контаминирана политичка сцена, заразена со очај, паника, опортунизам, крајна лукративност и бескрајна индолентност. Велат, дека треба да се подготвиме себеси и своите сетила за повраќаниците во најцрната, најдегутантната и најмизерна опозициска кампања во историјата, одраз на црвениот картон и уплавот од дебаклот кој за некого следува на 19-ти октомври лето Господово 2025-то…