Македонија Одговорност треба да понесе и Филипче!

АНАЛИЗА: Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, партијата водеше хируршки прецизна кампања со јасни пораки – вистински дебакл за СДСМ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ издвои историски убедлива победа на овие локални избори, со освоени 55 градоначалнички мандати, наспроти нивните опоненти од СДСМ кои освоија само 6 општини и партијата Левица која не освои нито еден градоначалнички мандат.

АНАЛИЗА: Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, партијата водеше хируршки прецизна кампања со јасни пораки –  вистински дебакл за СДСМ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ издвои историски убедлива победа на овие локални избори, со освоени 55 градоначалнички мандати, наспроти нивните опоненти од СДСМ кои освоија само 6 општини и партијата Левица која не освои ниту еден градоначалнички мандат.

ВМРО-ДПМНЕ водеше исклучително позитивна кампања, хируршки прецизна со испратени јасни пораки до самиот крај на овие локални избори при што им донесе раст од 3% проценти на истата во самата изборна кампања, наспроти нивните противници кој во очај и со црна кампања се обидуваа да ги оцрнат кандидатите на владејачката партија.

Партијата на власт точно знаеше што се бара и што се очекува, притоа борејќи се за секое населено место, притоа што во предизборната кампања ја победи емоцијата кај народот и ги увери да го направат вистинскиот избор на овие локални избори, при што крајниот епилог е освооени 55 општини за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 6 за СДСМ и ниту една за Левица.

Највпечатливо во овој изборен процес е катастрофалниот пораз на опозициската СДСМ, особено на ниво на град Скопје каде што партијата на Филипче доживеа тотално фијаско. Имено, на ниво на Скопје со својот кандидат за градоначалник се рангираше на четврто место, застанувајќи зад ВМРО-ДПМНЕ,  Левица, ВРЕДИ и пата-пата со ДУИ,  додека пак на советничките листи за главниот град на ултра-ниското петто место, притоа наоѓајќи се во незавидна позиција зад ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ВРЕДИ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ направи тотален пресврт и во големи општини каде што во изминатиот период раководеа кадри на СДСМ, притоа освојувајќи ги бастионот на СДСМ, Струмица, Берово, Делчево, Дојран, Крушево, Валандово и други… ВМРО-ДПМНЕ на овие избори победи во скопски Карпош како и убедливо најголемата победа во Кичево.

Крајниот еполог од овие локални избори е историски убедлива победа за ВМРО-ДПМНЕ со освоени 55 општини, додека СДСМ само 6 мали општини што претставува вистински дебакл за СДСМ како довчерашна владејачка партија во Македонија, а под палката на Венко Филипче кој очигледно не ја ужива довербата на членството на партијата, кој го доживуваат како продолжена рака на Зоран Заев.

Состојбата од терен е очигледна и јасна, голем број на членови на СДСМ и симпатизери апстинира или го замрзнаа своето членство, притоа испраќајќи јасна порака до врхушката на партијата дека промени се неопходни во истата, и дека не е потребно само оставка од потпретседателите на партијата туку и одговорност од претседателот Венко Филипче.

Оставка даде и првиот човек на Ѓорче Петров, при што Ацевски ја повика и врхушката да го следи. Даде и контроверзната Чупевска. Утрово од претседателското столче во СДСМ Ѓорче Петров нивниот прв човек поднесе неотповиклива оставка поради исклучиво лошите резултати од овие локални избори, притоа барајќи за доброто на партијаата истото да го направат Венко Филипче и целото раководство на СДСМ.

To top